Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ви нуди можност за посетување онлајн курсеви
по француски, романски, португалски, корејски, италијански, руски, чешки, хрватски,
полски, словенечки, турски, унгарски и албански јазик.
Учењето нови вештини ги подобрува сите аспекти од вашиот живот. Со учење нови
вештини можете да ги зголемите вашите кариерни можности и да дознаете повеќе за
светот околу вас.
Луѓето што секогаш успеваат се оние што сакаат да научат нешто ново секој ден. Затоа
пријавете се и искористете ги придобивките од изучувањето нови јазици.

  • Уписите ќе траат од 14.3. до 22.3.2024. Наставата ќе почне на 25.3.2024 година
    (понеделник) и ќе трае до 30.6.2024.
     Наставата ќе се одвива двапати седмично по 90 минути.
  •  Цената на курсот изнесува 12 000 денари, со можност за плаќање на 3 рати (по 4 000 ден. на почетокот на април, мај и јуни).
  •  Курсистите ќе добијат сертификат дека ја следеле наставата по јазичниот курс ако бидат присутни на 80 % од изведените 60 часови.
  • Наставата ќе се одвива во групи од најмалку 5, а најмногу 15 курсисти.
    Може да се пријавите на следниот линк: https://forms.gle/SUieeGCzg7n4zXCZ6