Конкурс 2020/2021

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИТЕ СТУДЕНТИ
НА ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ„БЛАЖЕ КОНЕСКИ” – СКОПЈЕ УЧЕБНА 2020/2021
10. и 11. СЕПТЕМВРИ 2020 г. (четврток и петок) од 8:00 до 16:00 ч.

ВАЖНО:
ПРИ ЗАПИШУВАЊЕТО КАНДИДАТИТЕ СЕ ДОЛЖНИ ДА ЈА ДОСТАВАТ И ЦЕЛОКУПНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА ОД ПРИЈАВУВАЊЕТО И ТОА: (ЛИСТА НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА)
1. Пријава за запишување (образец А1, се купува од книжарница)
2. Електронска пријава (од iKnow-системот)
3. Оригинални свидетелства од сите класови*
4. Документ за положена државна матура (Оригинално свидетелство за завршено средно образование)*
5. Извод од матична книга на родените
6. Доказ за државјанство на Р. Северна Македонија (уверение или решение)
7. Административна такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ххх-03161; Конто 722313 00)
8. Уплатница за уплатени 300 денари
9. Интерен пријавен лист и универзитетски пријавен лист
10. Изјава за национална припадност
11. Изјава за неподигање на документите
12. Изјава за согласност за лични податоци
13. Изјава за веродостојност и точност на поднесените скенирани документи
14. Изјава за неконкурирање на друг Универзитет
15. Изјава за согласност за кофинансирање на студииите

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
1. Индекс и студентска легитимација
2. Три фотографии (две 3.5 х 4.5 см и една 2х3 см )
3. Пријавни листови (за упис на семестар и статистички лист – во книжарницата на Факултетот)
4. Потврда за уплата на 100/200 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РСМ на денот на плаќањето за партиципација. (пример)
Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:
– Назив на примачот: Буџет на РСМ – ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ„БЛАЖЕ КОНЕСКИ”
– Банка на примачот: НБРСМ
– Сметка: 100000000063095
– Сметка на буџетски корисник: 1600104235 788 10
– Приходна шифра: 723012
– Програма 41
5. Потврда за уплатени 750,00 денари – за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ , Филолошки факултет „Блаже Конески“, (пример)
– жиро сметка 100000000063095
– депонент: НБРСМ со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18
– приходна шифра 723012,
– програма 41
Надоместокот од претходниот став на оваа точка го поднесуваат сите примени кандидати, во сите категории студенти (вклучително и студентите ослободени од плаќање партиципација и кофинансирање, по разни основи). Овој надоместок студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишување на зимскиот семестар.
6. Договор за студирање на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (се подига на Факултет на денот на уписот)
7. Потврда за уплата на 700 денари за: Водич низ студиите, електронска евиденција и надомест за штети. (пример)
Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:
– Назив на примачот: Буџет на РСМ – ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ Банка на примачот: НБРСМ
– Сметка: 100000000063095
– Сметка на буџетски корисник: 1600104235 788 10
– Приходна шифра: 723012
– Програма 41

Документите се поднесуваат ФИЗИЧКИ во определените простории на Факултетот.

*Забелешка: Бидејќи запишувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите претходно да направат нотарски заверени преписи од документите за свои потреби.

Напомена: Заради поефикасен упис Ве молиме уплатите да ги извршите во локалните банки.
ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е НОСЕЊЕ НА ЛИЧНА ЗАШТИТНА ОПРЕМА.