ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИТЕ СТУДЕНТИ
НА ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ„БЛАЖЕ КОНЕСКИ”- СКОПЈЕ ВО УЧЕБНАТА 2023/2024
Документите се поднесуваат физички во Одделението за студентски прашања на Факултетот
на 12 и 13 СЕПТЕМВРИ 2023 година од 8:30 до 15:30 часот
- Индекс и студентска легитимација
- Три фотографии (две 3.5 х 4.5 см и една 2х3 см )
- Пријавни листови (за упис на семестар и статистички лист од книжарницата на Факултетот)
- Потврда за уплата на 100/200 евра во денарска противвредност според средниот курс
на Народната банка на РСМ на денот на плаќањето за партиципација. (пример)
Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:
- Назив на примачот: Буџет на РСМ – ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ„БЛАЖЕ КОНЕСКИ”
- Банка на примачот: НБРСМ
- Сметка: 100000000063095
- Сметка на буџетски корисник: 1600104235 788 10
- Приходна шифра: 723012
- Програма 41
- Потврда за уплатени 750,00 денари – за информативни, информатички, културни и спортски активности
на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,
со назнака ИКСА на УКИМ, Филолошки факултет „Блаже Конески“, (пример)
- жиро сметка 100000000063095
- депонент: НБРСМ со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18
- приходна шифра 723012,
- програма 41
Овој надоместок го поднесуваат сите примени кандидати, во сите категории студенти
(вклучително и студентите ослободени од плаќање партиципација и кофинансирање, по разни основи).
Овој надоместок студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишувањето на зимскиот семестар.
- Договор за студирање на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (се подига на Факултет на денот на уписот)
- Потврда за уплата на 700 денари за: водич низ студиите, електронска евиденција и надомест за штети. (пример)
Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:
- Назив на примачот: Буџет на РМ – ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ Банка на примачот: НБРСМ
- Сметка: 100000000063095
- Сметка на буџетски корисник: 1600104235 788 10
- Приходна шифра: 723012
- Програма 41
* Напомена: Заради поефикасен упис ве молиме уплатите да ги извршите во локалните банки.