Почитувани студенти,
Драги колешки и колеги,
Ни причинува чест и задоволство да ве поканиме на гостинското предавање на истакнатата словенечка македонистка и славистика, проф. д-р Намита Субиото од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, на тема:
„Ацо Шопов во контекст на македонско-словенечките книжевни и културни врски во XX век и денес“.
21 октомври 2024 година (понеделник) 13 часот
Сала за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“
Во рамките на настанот, преку книжевен разговор ќе биде претставен и двојазичниот избор од поезијата на Ацо Шопов „Златен круг на времето“ што годинава беше објавен во Словенија. Разговорот ќе го води проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, а предвидена е и дискусија со присутните.
Заеднички, и на овој начин да ја искажеме нашата благодарност до проф. д-р Намита Субиото за заложбите за афирмација на македонскиот јазик, книжевност и култура во Словенија. Но и да дознаеме нови информации и согледби од дел од најновите истражувања на словенечката книжевна македонистика.
Со почит,
Деканат на Филолошкиот факултет
„Блаже Конески“