Ве покануваме на онлајн предавање и дискусија (Родот, популарната култура и американските изборите во 2024 година)
во среда, 18 декември во 18.00 часот, со професорката Стефани А. Севчик.
Стефани А. Севчик е вонреден професор по либерални студии на универзитетот „Мерсер“ во Џорџија, САД. Нејзините научни интереси ги опфаќаат компаративните родови студии, постколонијалната книжевност и транснационалниот активизам. Д-р Севчик
е авторка на бројни трудови во областа на политичките идентитети и креативниот отпор на глобалниот југ.