ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ СТУДЕНТИ НА
ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“
ВО АКАДЕМСКАТА 2023/2024 ГОДИНА
Пријавувањето на кандидатите за упис на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во учебната 2023/2024 година во ВТОРИОТ уписен рок ќе се врши во Одделението за студентски прашања на 18.9.2023 и 19.9.2023 година, во термин од 8:30 до 16:00 часот.
Пред пријавувањето кандидатите задолжително треба да се регистрираат и да извршат електронско пријавување преку IKNOW системот
за идни студенти на УКИМ на www.upisi.ukim.mk.
Бројот на пријавата којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.
Упатство за регистрирање и пополнување на електронската пријава во IKNOW системот
Отворете ја веб-страницата www.upisi.ukim.mk.
Најпрво треба да отворите кориснички профил следeјќи го линкот „Регистрирај се“, дури и ако сте се регистрирале во минатите уписни рокови, бидејќи корисничките имиња се избришани. Откако еднаш ќе отворите кориснички профил, при секое најавување во системот, користете го истото корисничко име и лозинка – не отворајте нов профил. Пријавата можете да ја менувате во целост сè додека не кликнете на копчето ПРАТИ.
IKNOW–системот (upisi.ukim.mk) овозможува автоматско генерирање на дел од потребните документи: интерен пријавен лист, универзитетски пријавен лист и изјава за национална припадност, врз база на внесените податоци на кандидатот. Кандидатите може да ги отпечатат документите и да ги донесат на Факултетот на денот на запишувањето.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
– нотарски заверен образец М1/М2 или
– лекарско уверение од Студентската поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
* Дополнителното доставување документ за овие кандидати не се зема предвид.
– за лицe кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители до 26-годишна возраст, доколку се
невработени (потврда од надлежниот центар за социјална работа и потврда од Агенцијата за вработување);
– за лица со инвалидност, согласно Уредбата која ја донесува Владата (се докажува со Наод и мислење на
службата за функционална проценка при ЈЗУ Здравствен дом – Скопје и со Решение од Центарот за
социјална работа за видот и степенот за попреченоста)
– за родител на дете до 6 годишна возраст, доколку е невработен (се докажува со извод од матична книга на
детето и Потврда за евидентирано невработено лице)
– за воени инвалиди (се докажува со Решение за Министерството за труд и социјална политика –
Управа за прашања на борците и воените инвалиди)
– за лице растени во домови за напуштени деца до 26-годишна возраст, доколу се невработени (Потврда од дом
и Потврда за евидентирано невработено лице)
* Документите се поднесуваат физички во Одделението за студентски прашања на Факултетот.
* Напомена: Заради поефикасен упис ве молиме уплатите да ги извршите во локалните банки.