Почитувани студенти,
Драги колешки и колеги,
Ни причинува чест и задоволство да ве поканиме на промоција на романот „Единствен матичен број“ и на средба со авторката Лидија Димковска. За овој роман, Димковска ја доби наградата „Роман на годината“ за 2023 година.
Настанот ќе се одржи на 30 октомври 2024 година (среда), со почеток во 12:30 часот, во Амфитеатар 1.
Осврт за романот и разговор со авторката:
д-р Елизабета Шелева, редовен професор на Катедрата за општа и компаративна книжевност и
д-р Весна Мојсова-Чепишевска, редовен професор на Катедрата за македонска книжевност и култура.
Есеј од помладите читатели:
Ивана Јовановска,
поетеса и филолог
Настанот е од отворен карактер и се надеваме дека ќе присуствувате вие и сите заинтересирани.