Прв циклус студии - додипломски студии

Прв академски час во уч. 2020/21 г.

Почитувани студенти бруцоши,

Ве покануваме да присуствувате на свеченото одбележување на почетокот на вашите студии. На првиот академски час ќе ви бидат доделени индексите, а ќе имате можност да се запознаете со професорите и со вашите идни колеги и да се информирате за програмата, терминот и распоредот на часови.
Со цел да ги запазиме мерките за заштита и превенција од ковид-19, термините на одржување на првиот академски час се распоредени во два дена, т.е. на 1 и на 2 октомври. Времето и местото на одржување се дадени подолу. Ве молиме да бидете пред платото на главниот влез на Факултетот во терминот за вашата студиска програма. Таму ќе ве пречекаат претставници, ваши постари колеги, кои по собирањето на групата, ќе ве насочат кон збирното место. Ве молиме задолжително да носите лична заштитна опрема!

Ви посакуваме среќен почеток и успех во студиите!

Срдечно,
Деканат на Филолошкиот факултет

ТЕРМИНИ ЗА ПРИЕМ НА СТУДЕНТИТЕ БРУЦОШИ (по студиски програми)

1 октомври 2020 г. (четврток) во 13:45 часот пред платото на главниот влез на Факултетот
Студиски групи:
– македонски јазик
– македонска книжевност
– албански јазик и книжевност – наставна насока
– албански јазик и книжевност – преведување и толкување – немајчин
– албански јазик и книжевност – преведување и толкување – мајчин
– турски јазик и книжевност – мајчин
– турски јазик и книжевност – немајчин
– француски јазик – наставна и преведувачка/толкувачка насока
– двопредметна по француски јазик и книжевност со романски јазик и книжевност – филолошка насока
– романски јазик и книжевност – филолошка насока
– шпански јазик и книжевност (преведувачка насока)
– руски јазик (почетно ниво)
– полски јазик (почетно ниво)
– двојазични славистички студии – руски и полски јазик (почетно ниво)
– италијански јазик и книжевност
– општа и компаративна книжевност

2 октомври 2020 г. (петок) во 10:45 часот пред платото на главниот влез на Факултетот
Студиски групи:
– Германски јазик и книжевност
– Преведување и толкување:
– англиски/француски и англиски/германски
– француски/англиски и француски/германски
– германски/англиски и германски/француски

2 октомври 2020 г. (петок) во 11:45 часот пред платото на главниот влез на Факултетот
Студиска група:
– Англиски јазик и книжевност