Шпанска книжевност – периодизација
Шпанска книжевност – среден век и ренесанса
Шпанска книжевност – барок и неокласицизам
Шпанска книжевност – XIX век
Шпанска книжевност – XX век
Мигел де Сервантес – монографски курс
Хиспаноамериканска книжевност – периодизација
Хиспаноамериканска проза во XX век
Книжевноста и миграциите во XX век во шпанскиот контекст
Сања Михајловиќ-Костадиновска (1982, Скопје) дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во 2005 г. и се стекнала со звање професор по италијански јазик и книжевност со шпански јазик и книжевност. Во 2008 г. завршила мастер студии по Современа шпанска култура на Универзитетот Алкала де Енарес (студии на далечина). Во периодот од 2009 до 2010 г., како стипендист на владата на Шпанија, завршила мастер по книжевни студии на Универзитетот Комплутенсе во Мадрид. Во 2010 г. се запишала на докторски студии на Универзитетот Комплутенсе во Мадрид и во 2015 година го обранила докторскиот труд на тема: “Maдрид како плурален простор. Од провинцијалецот до мигрантот: нарации на другиот”, со оценка десет со пофалба.
Во текот на студиите остварила повеќе престои во странство, во 2004 г. како стипендист на владата на Шпанија за посета на курс по шпански јазик во Хака, Шпанија; во 2013 г. со грант од програмата Грундтвинг посетувала еднонеделен курс за професори во Кордоба, Шпанија, a во 2015 г. била стипендист на Универзитетот Комплутенсе од Мадрид за посета на едномесечен летен курс на тема „Латиноамериканските уметнички и поетски авангардни движења“, во Ел Ескоријал, Шпанија. Во 2016 г. посетувала курс за испитувач за меѓународната диплома за шпански јазик (ДЕЛЕ) и станала овластен испитувач за ниво Ц1-Ц2.
Во периодот од 2004 до 2007 г. била ангажирана како демонстратор по шпански јазик на Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а од 2007 до 2011 г., како надворешен соработник на истата Катедра. Во 2012 г. е избрана во звањето асистент по шпанска книжевност, потоа во 2017 г. за доцент по шпанска книжевност, а во 2021 г. за вонреден професор по шпанска книжевност.
Сања Михајловиќ-Костадиновска учествувала во повеќе национални и меѓународони научни проекти, како „Македонско-романистички јазични, книжевни и преведувачки релации“ и „Јазик, литература и култура во романскиот простор: традиција и иновација“ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, потоа „Шпанскиот јазик во Европа“, координиран од Универзитетот во Љубљана, Универзитетот во Белград, Центарот за ибероамерикански студии при Универзитетот во Хајделберг и Универзитетот во Цирих и под спонзорство на Институтот Сервантес.
Сања Михајловиќ-Костадиновска е член на Здружението на преведувачи и толкувачи на РСМ (ЗПРМ) и активно се занимава со книжевен превод и толкување од шпански на македонски и обратно.
Книги (научни – автор, уредник, ко-уредник и/или автор и уредник):
Книги (книжевни дела – автор, уредник или ко-уредник на антологии):
Книги (преводи) Од шпански на македонски:
Од македонски на шпански:
Библиографија на научни и стручни статии (избрани поважни библиографски единици):