прв циклус студии:

  • Синтакса на СМЈ 2, Современ македонски јазик 1 и 2 на Филолошки факултет „Блаже Конески“ – УКИМ, Скопје
  • Македонски јазик на Природно-математички факултет -УКИМ, Скопје
  • Македонски јазик на ФИНКИ, УКИМ, Скопје

втор циклус студии:

  • Современи лингвистички теории
  • Современи состојби во македонскиот јазик.
  • Македонска ономастика
  • Когнитивна лингвистика

трет циклус студии:

  • Когнитивна лингвистика

Образование:

Филолошки факултет завршил во Скопје во 1990 година, каде магистрирал во 1996 со темата „Феминативите во македонскиот стандарден јазик“, објавена 2007 година како издание на „Менора“ од Скопје. Докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје 2004 година со дисертацијата „Семантичкото зборообразување во македонскиот стандарден јазик“.

 

Работно искуство:

Во периодот од 1992 до 1995 година работел како млад истражувач при Одделението за лексикологија и лексикографија во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Од 1995 година работи на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“  во Скопје, најнапред како помлад асистент (1995-1996), потоа како асистент (1996-2004), доцент (2004-2009), вонреден професор (2009-2014), а од 2014 година како редовен професор.

 

Учество во проекти:

Бил учесник во националниот научен проект на Министерството за култура „Правопис на македонскиот јазик“, дел од Националната стратегија за развој на културата 2013-2017 на Министерството за култура, во рамките на кој бил еден од тројцата составувачи на елаборатот на Проектот, член на Редакцијата на проектот, т. е. на Правописот, како и автор на две глави на Правописот.

Учествувал и во меѓународниот научен проект од програмата Темпус “Macedonian as a foreign Language Curriculum Upgrading – MaFoLaC”: 158638-TEMPUS-1-2009-1-MK-TEMPUS-JPCR – 2010-2012.

Во рамките на општествените ангажмани базирани на професионалната стручност се издвојува неговото учество како јазичен редактор и член на Уредувачки одбор на македонската паралела на: “Eurovoc 4.4 – the EU`s multilingual thesaurus” (http://eurovoc.europa.eu/) во меѓународниот научен проект во огранизација на македонската канцеларија на NDI – National Institute for International Affairs, Washington), во рамките на чија промоција одржал предавање на тема „Предизвиците на македонскиот јазик во однос на процесот на интеграција во ЕУ“.

 

Други ангажмани:

Пет години (2011-2015) бил раководител на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Во периодот од 2019 до 2023 година бил раководител на ЦЕТИС МАК – Центарот за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик како странски, при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Во моментов е член на Интеруниверзитетската конференција на Република Северна Македонија, Советот за македонски јазик при Владата на Република Северна Македонија, Советот на Семинарот за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, како и на Националната комисија за учебници на Република Северна Македонија. Бил член на Комисијата за полагање лекторски испит при Министерството за култура (2019-2022).  Во периодот од 2017 до 2019 година бил член на државната матурска предметна комисија по предметот Македонски јазик и литература.

Книги:

  1. „Личното име кај Македонците“, во коавторство со Славица Велева и Снежана Веновска-Антевска, Филолошки факултет, Скопје 1996
  2. „Феминативите во македонскиот стандарден јазик“, Менора, Скопје 2007
  3. „Современ македонски јазик 1-4“, Табернакул, Скопје 2007-2015; и Или Или, Скопје 2016-2023
  4. „Виножито“ – учебник по македонски јазик за странци за напреднато рамниште, во коавторство со Анета Дучевска, 2012, УКИМ),
  5. Тешкото“ – учебник по македонски јазик за странци за почетно рамниште (две изданија 2020 и 2022, УКИМ)
  6. Прирачник за државна матура по македонски јазик, Просветно дело, Скопје 2019
  7. Правописен потсетник, Просветно дело, Скопје 2020.
  8. Прирачник по граматика на македонскиот јазик за 6 – 9 одделение, Просветно дело, Скопје 2021.

Селектирана библиографија на научни и стручни статии:

  1. 2023. Money as a Metaphor in Macedonian Culture CCAS, Beijing Foreign Studies University, PR of China.
  2. „Лексичкото богатство на „Моби Дик“ од Огнен Чемерски низ призма на сложенките со прва компонента „кит-“, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
  3. „За називите на некои граматички поими и нивната врска со значењето“, Литературен збор 1-3, Скопје, стр. 21-32.
  4. „Граматиката на Конески како вечна инспирација за проучување на македонскиот јазик“ во XLVIII меѓународна научна конференција на LIV летна школа на меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, стр. 90-100, Скопје, УДК 811.163.1’36. УКИМ.
  5. „За конструкциите составени од именките вирус и корона“, Литературен збор, Скопје, ISSN 0024-4791.
  6. „За македонските предлози“ во Погледи за македонскиот јазик, Скопје: МАНУ, стр. 245-257.
  7. „За родовиот статус на некои именки во современиот македонски јазик“ во X македонско-северноамериканска конференција за македонистика, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје, стр. 173-180.
  8. „За Моби Дик на Огнен Чемерски или може ли преводот да е подобар од оригиналот“, Предавања на 51. летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. УКИМ, Скопје, стр. 109–122.
  9. „Брилијантноста на Огнен Чемерски во неговиот Моби Дик од зборообразувачки аспект“, Годишен зборник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, книга 43-44, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје, стр. 173–188.
  10. За некои концептуални метафори според кои (не) се живее во Македонија Balcanistica 30:2, 2017, edt. Donald L.Dyer, str. 287–294, The South East European Studies Association, The University of Mississippi Printing Services of University (Oxford), Mississippi.
  11. „Феминативите во македонскиот и во црногорскиот јазик“, во Lingua Montenegrina Факултет за црногорски јазик, Цетиње. LINGUA MONTENEGRINA, god. X/2, br. 20, Cetinje, str. 55-64.
  12. „За значењата на предлозите и префиксите низ примерот на предлогот пред и префиксот пред-“, Зборник во чест на проф. д-р Радмила Угринова-Скаловска, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје, стр. 211-218
  13. „За скратениците и скратувањата на зборовите во претстојното издание на Правописот на македонскиот јазик“,42. научна конференција за македонски јазик, литература и култура УКИМ, Скопје, стр. 37-43.
  14. „За новото издание на Правописот на македонскииот јазик“, Литературен збор 1-3, Скопје, стр. 71-76
  15. „Евровок – лексикографски мост меѓу европските јазици“, во Лексикологијата и лексикографијата – мостови меѓу јазиците, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје: ИМЈ, стр. 35-40.
  16. „Значењето, времето и просторот од спознајна перспектива“, Значењето низ времето и просторот. Скопје: ИМЈ, стр. 7-12.
  17. „За говорителот и зборувачот или за суфиксите -тел и -ач во современиот македонски јазик“, во Македонски јазик, год. 45, Скопје: ИМЈ, стр. 219-230.
  18. „Функционалноста на предлозите од аспект на синтаксичката варијантнност во македонскиот јазик“, 39. научна конференција за македонски јазик, литература и култура, Скопје: УКИМ, стр. 161-164.
  19. „Feminativi u hrvatskom i u makedonskom jeziku, во Hrvatsko-makedonskе književne, jezične i kulturne veze, Zbornik radova 3, Filozofski fakultet, Rijeka, 23-25 ožujak 2011, str. 343–347, Rijeka.
  20. „За полисемноста на предлозите во македонскиот јазик“, 37. научна конференција за македонски јазик, литература и култура, Скопје: УКИМ, стр. 217-231.
  21. „Лексички синоними како резултат на метафората во македонскиот јазик, во XXXVI научна конференција на XLII меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, стр. 57-64.
  22. „Метафората во јазикот и лингвистиката“, Зборник во чест на проф. д-р Лилјана Минова-Ѓуркова.Скопје: УКИМ, стр. 243-254.
  23. „За помалку продуктивните начини на зборообразување на феминативите во македонскиот јазик“ во Зборник во чест на проф. д-р Кирил Конески по повод 80 години од раѓањето. – Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Катедра за македонски јазик и јужнословенски јазици, стр. 137-148.
  24. „Феминативите во македонскиот стандарден јазик“, во Предавања на XLI меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, стр. 115-121.
  25. „За согласувањето по род и по број меѓу подметот и прирокот во македонскиот јазик“, во XXXV научна конференција на XLI меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, стр. 113-119.
  26. „Феминативы в македонском языке как отражение социального положения женщины“, Проблемы социо- и психолингвистики, выпуск 9, Пермь стр. 65–73.
  27. „Семантичкото зборообразување во македонскиот стандарден јазик“ (резиме на докторската дисертација), во Литературен збор, (год. 51), број 4-6, стр. 33-42.
  28. „Приближување на македонските предлози до странските проучувачи на македонскиот јазик“, во Наставата по македонски јазик како странски: состојби и перспективи, Скопје, стр. 79-82.
  29. „За семантичката опозиција мирување:движење кај предлозите во македонскиот стандарден јазик“, во Норма и речник, ИМЈ „Крсте Мисирков“, Скопје, стр. 99-104.
  30. „Предлогот со како координатор“, во Трет научен собир на млади македонисти, Скопје, стр. 75-79.

Линкови:

https://pravopis.mk/