Култура на писменото изразување на македонски јазик
Основи на семантиката
Граматичка семантика
Македонски јазик 1 A
Македонски јазик 2 A
Македонски јазик и новинарска стилистика (на студиите по Новинарство, на Правниот факултет„Јустинијан Први“)
Лингвистиката и македонистиката
Актуелни лингвистички проучувања на современиот македонски јазик
Лексичка семантика
Лингводидактика
Македонски јазик и култура (на студиите по Конференциско толкување)
Семантичките и граматичките категории во македонскиот јазик,
Структура и организација на лексичкиот систем на македонскиот јазик Социолингвистиката и наставата по јазик
Семантика, прагматика и комуникација (на студиската програма Комуникации и медиуми, на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања)
EMAIL: stofoska@flf.ukim.edu.mk
Родена е во Скопје, каде го завршила основното и средното образование, Дипломирала на групата Македонски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје (1990), магистрирала (1996) на тема „Глаголите на зборување во современиот македонски јазик“, а докторирала (2005) на тема „ Семантика на примарните телични глаголи во македонскиот јазик“.
Во рамки на своето научно и стручно усовршување, била на повеќе пократки и подолги студиски престои на различни универзитети во Полска (Краков, Варшава), Чешка (Прага), Германија (Мајнц), Белгија (Брисел), Хрватска (Загреб, Ријека), Велика Британија (Лондон) и САД (Вашингтон,Чикаго, Филаделфија, Билингс, Феникс).
Била повеќегодишен лектор и предавач на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид (од 1996 г. до денес), како и предавач на Меѓународната летна школа за словенски и источноевропски јазици – SWSEEL (Summer School of Slavic and East European Languages) на Универзитетот Индијана во Блумингтон, САД во 2001 година. Проф. Тофоска одржала и предавања по покана во странство: на Катедрата за славистика на Универзитетот во Истанбул, на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Белград, во Српската академија на науките и уметностите (Белград), на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб и на Универзитетот во Ријека.
Учествувала во десетина национални и меѓународни научноистражувачки проекти: Целокупни дела на Блаже Конески (критичко издание),Македонска академија на науките и уметностите (2010-2022); Местото на македонскиот јазик во словенскиот и во балканскиот јазичен свет, ИЦАЛ, МАНУ (2001 до денес); Граматички опис на македонскиот јазик ИЦАЛ, МАНУ; Правопис на македонскиот стандарден јазик, Министерството за култура на РМ (2013-2015); Психосоцијална поддршка на наставниците и студентите од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во услови на пандемија, (2021); Јазици, книжевности, култури: образовни политики во функција на современото општество, Филолошки факултет „Блаже Конески“; Изучување на јазиците на другиот / активни студенти за општествена кохезија, Филолошки факултет „Блаже Конески“ (2018-2019); во билатералниот проект со Универзитетот Метрополитен од Лондон и Британскиот совет во Македонија, за изработка на стандардизиран тест и обука за континуиран професионален развој за преведувачите и толкувачите во јавната и државната администрација; два меѓународни проекти од прогрaмaтa ТЕМПУС и еден од прогрaмaтa УНEСКО, поврзани со основање на Центарот за тестирање и сертифицирање на познавањето на македонскиот јазик како странски/втор јазик, надградување на студиските програми по македонски јазик како странски и создавање процeдури зa тeстирaњe на мaкeдонскиот jaзик кaко стрaнски jaзик спорeд eвропски стaндaрди; во билатералниот проект со Универзитетот во Загреб, Хрватска Положбата на македонскиот и на хрватскиот јазик во образовниот систем на повеќејазични средини (2007-2009); Глaголскиот вид (aспeктот) во мaкeдонскиот jaзик (1994-2003) и др.
Има учествувано на 50-тина меѓународни конференции, од кои голем број одржани во странство: Белград, Загреб, Ријека, Задар, Гетеборг, Варшава, Вроцлав, Краков, Чикаго, Филаделфија, Билингс, Феникс, Сапоро.
Проф. Тофоска била член или претседател на организацискиот одбор на повеќе домашни и меѓународни научни собири и конференции одржани на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”во Скопје. Била долгогодишен член на редакцискиот одбор на списанието Литературен збор, а негов главен уредник во периодот 2014 – 2019. Рецензент е на повеќе монографии и на статии во меѓународни научни списанија.
Книги:
Библиографија на научни и стручни статии (избрани поважни библиографски единици):