Практична настава

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОБВРСКАТА НА СТУДЕНТИТЕ ЗА ПОСЕТУВАЊЕ ПРАКТИЧНА НАСТАВА

Во согласност со Законот за високото образование студентите се должни во секоја студиска година задолжително да посетуваат практична настава, која не може да биде пократка од 30 дена.

Под практична настава за наставните насоки се смета нивната обврска за задолжително посетување на настава во училиштата, но пред да одат на настава (независно во кое училиште), должни се да пополнат УПАТНИЦА, која треба да биде потпишана од соодветниот професор по методика и заверена во Отсекот за студентски прашања. По завршувањето на т.н. хоспитации, упатницата ја заверува наставникот во училиштето. Тоа е во суштина потврдата што треба да биде приложена во Отсекот за студентски прашања при запишувањето зимскиот семестар, односно наредната учебна година 2015/2016.

Студентите  од ненаставните насоки практичната настава може да ја исполнуваат во кои било институции, организации или фирми. Вкупното времетраење не треба да биде пократко од 30 дена. И овие студенти се должни пред отпочнувањето на практичната настава да пополнат упатница, која ќе биде потпишана од професор, а потоа заверена од Отсекот за студентски прашања. По завршувањето на практиката студентите треба да добијат потпис од институцијата каде што ја вршеле практиката. Упатницата се приложува во Отсекот за студентски прашања при запишувањето на зимскиот семестар, односно наредната учебна година 2015/2016.

Под практична настава може да се смета и сезонската работа во странство, само ако се исполнети овие услови: да се има упатница потпишана од професор и заверена во Отсекот за студентски прашања и да се врати потпишана и заверена од таму од каде што студентот бил на работа или на пракса.

Кликнете на документите подолу за да ги преземете во PDF или DOC верзија.