Заверка и запишување семестар

ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР 

И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР 

ЗА УЧЕБНАТА 2025/2026

 

Електронско бирање предмети во iKnow: 

26.1.2026 – 8.2.2026

Ве молиме по извршеното бирање на предметите повторно да го проверите вашиот профил, односно избраните предмети.

 

Поднесување документи во Студентски прашања со задолжително електронски избрани предмети:

Прва година – 4.2. – 5.2.2026

Втора година – 6.2. – 9.2.2026

Трета година – 10.2. – 11.2.2026

Четврта година и повеќе – 12.2. – 13.2.2026

 

Работното време со студенти во наведениот период е од 10:30 до 15:30 часот

 

Ве молиме за задолжително почитување на термините по студиски години во спротивно по истекот на последниот рок се смета за задоцнето запишување.

 

ДОКУМЕНТИ ПОТРЕБНИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТАРОТ:

  1. Пополнет индекс во кој се запишани претходно избраните предмети согласно упатството во прилог 2

Предметите кои ќе ги запишувате (слушате) во летниот семестар 2025/2026 задолжително претходно да ги изберете во iKnow. 

 

  1. Уплатница за платена партиципација/школарина, уплатена на сума пресметана според тоа колку кредити запишува студентот, согласно упатството во прилог 1

Освен износот на ЕКТС кредитите, студентите не треба да плаќаат за запишување на предмет по вторпат/третпат.

  1. Потврда за уплата на 2000 денари за материјални ресурси за реализација на студиските програми. 

Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:

-Назив на примачот: Буџет на РСМ – ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ„БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ 

-Банка на примачот: НБРМ 

– Сметка: 100000000063095 

– Сметка на буџетски корисник: 1600104235 788 10 

– приходна шифра: 723012 

– програма 41

  1. Потврда за уплата на 100 денари – за е-обрасци за заверка на зимски и запишување на летен семестар 2024/2025 година на:

– жиро сметка 100000000063095 

– депонент: НБРСМ со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 

– приходна шифра 723019, 

– програма 41

– цел на дознака: обрасци за запишување и заверка на семестар за Филолошки факултет.

 

Сите потребни уплати за заверка и запишување на семестар може да се уплатат:

– електронски преку iknow системот после валидација на запишаните предмети од страна на Одделението за студентски прашања,

– или на вирман ПП50 во банка, пошта или електронско банкарство и да се донесе потврда за уплатата

 

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

– Согласно Правилата за студирање на студиските програми прв циклус универзитетски студии на Филолошкиот факултет кој гласи “студентите од прв циклус на студии имаат право да ги завршат започнатите студии според условите и студиската програма на која се запишале, најдолго во период што е два пати подолго (4 + 4 години)  од пропишаното траење на студиите”

– Студентите запишани во квота со партиципација (државна квота) го губат статусот на студент запишан во квота со партиципација и ги продолжува студиите во квота со школарина ако: еден предмет запишува по трет пат; не освоил најмалку 50% од запишаните кредити во одреден семестар до почетокот на наредниот соодветен (зимски, односно летен) семестар; доколку прекинот на студиите трае 3 (три) и повеќе последователни семестри.

– Студентите коишто го положиле последниот испит од студиската програма и им е останата само одбраната на  дипломската работа треба веднаш по положувањето на последниот испит да го достават индексот во Одделението за студентски прашања за проверка на студентското досие и исполнетоста на условите за одбрана на дипломската работа.

– Студентите кои ја имаат запишано дипломска работа во зимскиот семестар и на кои рокот за изработка односно одбрана на дипломската работа го преминува рокот за запишување на летниот семестар вршат запишување на летниот семестар со уписен лист и лист за заверка на семестар и уплата од 1000 денари. Оние студенти на кои дипломската работа им останува како обврска во летниот семестар должни се да ја запишат, односно презапишат со подмирување на трошоците за дипломската работа.

– Студентите запишани во академската 2018/2019 должни се да ги завршат своите обврски согласно студиската програма до 30.9.2026 година во спротивно преминуваат по активните студиски програми.

Бирање семестар и предмети во студентскиот iKnow-профил:
1. Во табот „Запишани семестри“, во полето „Изберете семестар“, означете „Летен (202х/202х)“ и притиснете на копчето „Внеси“
2. Потоа, во табот „Предмети“ изберете ги предметите и притиснете на копчето „Запиши предмети“

Ве молиме, по извршеното бирање на предметите повторно да го проверите вашиот профил, односно избраните предмети.

Бирање семестар и предмети во студентскиот iKnow-профил:
1. Во табот „Запишани семестри“, во полето „Изберете семестар“, означете „Летен (2022/2023)“ и притиснете на копчето „Внеси“
2. Потоа, во табот „Предмети“ изберете ги предметите и притиснете на копчето „Запиши предмети“

Ве молиме, по извршеното бирање на предметите повторно да го проверите вашиот профил, односно избраните предмети.

ЗАВЕРКА НА ЛЕТЕН И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР ЗА УЧЕБНАТА 2020/2021

Електронско бирање предмети iKnow/eIndex: до 30.9.2020
Поднесување документи со задолжително електронски избрани предмети
2 година: 21.9 – 23.9
3 година: 24.9 – 28.9
4 година: 29.9 – 30.9
Работното време со студенти во наведениот период е од 8:30 до 15:30 часот
Ве молиме за задолжително почитување на термините по студиски години во спротивно по истекот на последниот рок се смета за задоцнето запишување.
Простории каде ќе се врши запишувањето и студиски програми

Студентски прашања:
– Англиски јазик и книжевност
– Германски јазик и книжевност
– Македонски јазик
– Македонска книжевност
– Турски јазик и книжевност

Сала за толкување
– Преведување и толкување
– Француски јазик и книжевност
– Општа и компаративна книжевност

Лабораторија МОН1 (до Библиотеката на Катедрата за албански јазик и книжевност):
– Албански јазик и книжевност
– Италијански јазик и книжевност
– Славистика
– Шпански јазик и книжевност

ЕЛЕКТРОНСКО БИРАЊЕ: Ве молиме по извршеното бирање на предметите повторно да го проверите вашиот профил, односно избраните предмети.

ДОКУМЕНТИ ПОТРЕБНИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТАРОТ:
ВАЖНО: СТУДЕНТИТЕ СЕ ДОЛЖНИ ДА ДОСТАВАТ И ПРИЈАВИ ЗА СИТЕ ИСПИТИ КОИ ГИ ПОЛАГАЛЕ ВО ТЕКОТ НА ЈУНСКАТА И СЕПТЕМВРИСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА.

1. Предмети кои ќе ги запишувате (слушате) во зимскиот семестар 2020/2021 задолжително претходно да ги изберете во iKnow.

2. Уплатница во износ од 750 денари – за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ , Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, на жиро сметка 100000000063095 депонент: НБРМ со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41

3. Потврда за уплата на 500 денари за: електронска евиденција и надомест за штети. Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:Назив на примачот: Буџет на РМ – ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ„БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ Банка на примачот: НБРМ Сметка: 100000000063095 Сметка на буџетски корисник: 1600104235 788 10 Приходна шифра: 723012 Програма 41

4. Пополнет индекс во кој се запишани претходно избраните предмети согласно упатството во прилог 2

5. Уплатница за школарина, уплатена на сума пресметана според тоа колку кредити запишува студентот, согласно упатството во прилог 1

УПЛАТИТЕ ЗА ПРЕЗАПИШУВАЊЕ ДА БИДАТ НА 1 ПОСЕБНА УПЛАТНИЦА
Студентите се должни запишаните изборни и слободни изборни предмети кои нема да се активираат поради мал број на студенти или евентуално поклопување на термините за настава да ги заменат најдоцна до 15 ОКТОМВРИ 2020 година.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
– Согласно Правилата за студирање на студиските програми прв циклус универзитетски студии на Филолошкиот факултет кој гласи “студентите од прв циклус на студии имаат право да ги завршат започнатите студии според условите и студиската програма на која се запишале, најдолго во времето што е два пати подолго (4 + 4 години) од пропишаното траење на студиите”
– Студентите запишани во и по учебната 2013/2014 кои запишуваат задолжителен предмет по 3-ти пат поминуваат во квота со кофинансирање.
– Студентите запишани во и по учебната 2013/2014 година преминуваат од државна во квота со кофинансирање, ако при запишување на зимскиот/летниот семестар во учебната 2020/2021 година немаат освоено 50% од ЕКТС кредити во зимскиот/летниот семестар од учебната 2019/2020 година. Оваа одлука се однесува при запишување на сите наредни зимски/летни семестри.
– Студентите коишто го положиле последниот испит од студиската програма и им е останата само одбраната на дипломскиот труд треба веднаш по положувањето на последниот испит да го достават индексот во отсекот за студентски прашања за проверка на студентското досие и исполнетоста на условите за одбрана на дипломскиот труд.
– Студентите кои го имаат запишано дипломскиот труд и на кои рокот за изработка односно одбрана на дипломскиот труд го преминува рокот за запишување на зимскиот семестар вршат запишување на зимскиот семестар без уплатница за запишување на предмет т.е. кредити за дипломски труд. Оние студенти кои дипломскиот труд им останува како обврска во зимскиот семестар се должни истиот да го запишат.
– Студентите запишани во академската 2013/2014 должни се да ги завршат своите обврски согласно студиската програма до 30.9.2021 година.