Студентски конференции

 

 

 

КОГА:                 25 октомври 2024 година (петок)

 

КАДЕ:                Во живо, на кампусот на факултетот. Постои опција за пренос во живо на онлајн платформата Зум за  оние излагачи кои не се во можност физички да присуствуваат (кои се во странство). Тие можат да го снимаат нивното излагање и да го испратат на официјалната мејл адреса на ,,Како си ми?”.

 

ЗА КОГО:             Студент(к)и на прв или на втор циклус студии на кој било факултет и универзитет во Република Северна Македонија. Студент(к)и во странство, како и за веќе дипломирани/магистрирани студент(к)и во тековната 2023/2024 студиска година.

 

ФОРМАТ:          Поединечно или групно излагање со траење од 10 минути.

 

ТЕМИ:               Од филологијата, лингвистиката, книжевноста, културата,  методиката, филозофијата, преведувањето и толкувањето; како и споредбени, интермедијални и интердисциплинарни теми.

 

РАБОТЕН

ЈАЗИК:                македонски и англиски јазик

 

РОК ЗА

ПРИЈАВА:          31 август 2024 година во 10:00 часот

 

НАЧИН

НА

ПРИЈАВА:         Испраќање на лични податоци на сите учесници: име, презиме, циклус и година на студии, катедра, факултет, универзитет, мејл адреса за контакт; тема на излагање, јазик на излагање и апстракт (од 150 до 200 зборови) на kakosimi.flf@gmail.com во прикачен документ од типот „Microsoft Word Document (.docx)“

 

 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА

ПРИФАТЕНИ

АПСТРАКТИ:     5 септември 2024 година

 

РОК ЗА

ИСПРАЌАЊЕ

ТЕКСТОВИ:        1 декември 2024 година

 

КОНТАКТ:            kakosimi.flf@gmail.com

                                facebook.com/kakosimi.flf

                                kakosimi.wordpress.com

                                https://www.instagram.com/kakosimi.flf2024/

 

ВАЖНО: Сите трошоци за патување и сместување се на кандидатите. Исклучок може да направиме во однос на сместувањето, но бидејќи бројот на места што можеме да ги обезбедиме е ограничен, известете нè во мејлот. Секој случај ќе го разгледаме засебно.

 

 

„Како си ми?“ е филолошка конференција организирана од студенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Идејата е со оваа конференција да се поттикне интересот кај студентите за истражувачка работа, јавна презентација и дискусија на темите што ги интересираат за време на студиите. Со овој настан на студентите им се дава прилика да зборуваат за своите академски интереси пред колеги, професори и заинтересирани љубители на филологијата. Иницијативата која како идеја се роди во февруари 2015 година веќе прерасна во традиционален настан на кој учествуваат студенти не само од Филолошкиот, туку и други факултети од државата и од странство. По излагањата секогаш се развиваат интересни дискусии на актуелни теми од сите области на филологијата.

Организацискиот тим на конференцијата работи волонтерски и се труди да организира и придружни активности, предавања, работилници и неформални дружења.

Драги студенти,
 
         со задоволство Ве известуваме дека повикот за креативно пишување ,,Протоѕвезда”  е               
         продолжен до 15 март (петок)!
 
✨ Можете да испратите до две прозни дела. Тие можат да бидат фикција и нефикција 
         (со ограничување до 1000 зборови)
 
✨Можете да испратите до две песни. Едно поетско дело не треба да надминува две страници. 
 
📍Испратете ги вашите креативни дела на kakosimi.flf@gmail.com до 15 март. 
 
Сè што ќе биде испратено ќе биде објавено на официјалната страница на „Како си ми?“, а редакцискиот одбор ќе одбере и неколку најдобри текстови кои ќе можат да бидат презентирани и во живо, на 17 април. 

 

Драги студенти,
Студентската конференција „Како си ми?“ оваа година организира и конкурс
за креативнопишување!
Целта е да создадеме простор каде студентите ќе можат слободно да ги споделат своите
поетски, прозни и критички текстови.
Сè што ќе биде испратено ќе биде објавено на официјалната страница на „Како си ми?“, а
редакцискиот одбор ќе одбере и неколку најдобри текстови чии автори ќе имаат можност
јавно да ги претстават своите дела на 14-ти октомври во кафе-книжарница Буква.
Примаме прозни, фиктивни и критички текстови (со ограничување од максимум 1000 зборови)
и поезија (со ограничување на 2 страници од песна).
Творбите можете да ги испратите до наведениот мејл: kakosimi.flf@gmail.com.
Рокот за испраќање е 5-ти октомври до полноќ.
Темите и стилот се слободни, а може да учествуваат сите студенти од сите факултети.
Тука сме за сите прашања и ги очекуваме вашите дела!

 

Како си ми?“
деветта студентска филолошка конференција
Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје
30.09. 2023; сала за седници
(со физичко присуство) и онлајн (преку Зум)
11:00 – 12:00
Отворање на конференцијата и промоција на седмиот зборник:
„Како си ми?“: проф. д-р Владимир Мартиновски и проф. д-р Анета Дучевска
12:00 – 13:15 – Прва сесија излагања и дискусии
1. Андреј Стојановски
„Дали постои македонска книжевна теорија?“
2. Радица Стојановска
„Другото лице на војната и историјата
во Војната нема лице од Светлана Алексевич“
3. Катерина Котеска
,Абјектните елементи во расказот
,,Преобразба” од Франц Кафка“
4. Елена Карпузовска
,,Елегија за егзистенцијалната тежест:
Облиците на лирска наративизација
на искуството на прогонството во ,,Ex Ponto” од Иво Андриќ
13:15-13:30 – Пауза
13:30-14:30 – Втора сесија излагања и дискусии
5. Максим Јордански
„Интеркултурната комуникација во серијата Бубалици“*
6. Викторија Илиовска
,,Релевантноста и умешноста на измислените јазици на Толкин”*
7. Никола Ристевски
„Логичник за родот”
14:30-15:00 – Пауза за ручек
15:00-16:00 – Трета сесија излагања и дискусии
8. Борис Симоновски
Филмот ,,Платформата” како дистопија
и општествена алегорија”
9. Ивана Цветанова
„Постколонијални елементи во
,,Песната на мразот и оганот” од Џ. Р. Р. Мартин“*
10. Ботонд Калман
„Иновација во високо образование –
Што можеме да научиме од корпоративниот сектор?”*
16:00-16:30
Затворање на конференцијата и доделување потврди за учество.
*Предавањето е на англиски јазик.

АГЕНДА

за годишна конференција на трет циклус студии

 

Датум на одржување: 5.12.2023 година (вторник)  во Сала за седници

на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје

Член од Стручен совет за докторски студии: проф. др Александра Саржоска