EMAIL: tanjag@ukim.edu.mk
Образовение:
Родена на 2.1.1966г. во Скопје. Дипломирала 1988 г. на Катедрата за македонски јази и јужнословенски јазици на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Постдипломските студии ги завршила на истиот факултет, магистрирала 1993 г., а 2001 г. докторирала од областа на филолошките науки (македонистика) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Работно икуство:
Од 1989 г. е вработена на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици, најпрво како помлад асистент, потоа асистент, доцент, вонреден професор и од 2009 г., како редовен професор по предметите Современ македонски јазик, Граматика на македонскиот јазик, Македонски јазик за странци 1-6 и Психолингвистика.
Учество во проекти:
2002-2006: Наставата по македонски јазик како странски: состојби и перспективи (носител), УНЕСКО-проектна програма, Филолошки факултет „Блаже Конески“ Скопје
2008:Оформување тестови по македонски јазик како странски – ТЕМАК, (носител) УНЕСКО-проектна програма, Филолошки факултет „Блаже Конески“ Скопје
2008-2009: Центар за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик како странски ЦЕТИС МАК-Testing and Certifying Centre in Macedonian as a Foreign Language, ТЕМПУС-проектна програма, (носител), Филолошки факултет „Блаже Конески“ Скопје
2010-2012: Надградување на студиските програми по македонски јазик како странски ‒ Macedonian as a Foreign Language Curriculum Upgrading, (учесник), ТЕМПУС-проектна програма, Филолошки факултет „Блаже Конески“ Скопје
2018-2022: „Јазици, книжевности, култури: образовни политики во функција на современото општество“, , Филолошки факултет „Блаже Конески“ Скопје
Други ангажмани: Помошник-министер за меѓународна научно-техничка соработка при Министерството за образование и наука на РМ (2000-2002 г.), член на Советот за македонски јазик при Владата на РМ (2007-2009), Раководител на Центарот за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик како странски (2010-2014), уредник и рецензент на монографии, зборници од научни конференции, претседател и член на одбори на меѓународни конференции, сертифициран лектор по македонски јазик, лиценциран составувач и оценувач на тестовите по македонски јазик како странски јазик при Центарот за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик како странски на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“; претседател (2020-2021) и член на Колегиумот за постдипломски студии по македонски јазик и на Колегиумот за трет циклус студии по македонистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“; ментор и член на дипломски и магистерски и докторски дисертации, итн.
Книги:
Селектирана библиографија
Линкови: