ФАКУЛТЕТИ – СТУДИСКИ ПРОГРАМИ – | Редовни (кои се финансираат од Буџетот на РСМ) | Редовни со школарина | Вонредни | Вкупен број на студенти | Студенти – странски државјани |
Филолошки факултет „Блаже Конески“ (бул. „Гоце Делчев“ бр. 9А) (8 семестри) | 420 | 295 | 95 | 810 | 162 |
– Македонски јазик и книжевност (наставна насока) | 30 | 20 | 10 | 60 | 12 |
– Македонска книжевност и култура (наставна и културолошка насока) | 30 | 20 | 10 | 60 | 12 |
– Албански јазик и книжевност (наставна насока) | 30 | 10 | 5 | 45 | 9 |
– Албански јазик и книжевност (преведувачко-толкувачка насока) | 10 | 10 | / | 20 | 4 |
– Турски јазик и книжевност – (наставна насока) | 15 | 5 | 5 | 25 | 5 |
– Турски јазик и книжевност – (културолошка насока) | 15 | 5 | 5 | 25 | 5 |
– Француски јазик –наставна и преведувачкo/толкувачка насока (со можност за почетно ниво) | 20 | 10 | 5 | 35 | 7 |
– Двопредметна по француски јазик и книжевност со романски јазик и книжевност – (филолошка насока) | 10 | 5 | 5 | 20 | 4 |
– Романски јазик и книжевност – (преведувачка насока) | 10 | 5 | 5 | 20 | 4 |
– Шпански јазик и книжевност (преведувачка насока) | 15 | 10 | 5 | 30 | 6 |
– Руски јазик (наставна и преведувачка насока) (почетно ниво) | 15 | 10 | 5 | 30 | 6 |
– Чешки јазик (преведувачка насока) (почетно рамниште) | 10 | 10 | 5 | 25 | 5 |
– Славистички студии – (се бараат два јазика од: руски, полски, чешки, словенечки јазик (почетно ниво) | 15 | 10 | 5 | 30 | 6 |
– Германски јазик и книжевност (наставна и преведувачко–толкувачка насока) | 25 | 25 | 5 | 55 | 11 |
– Англиски јазик и книжевност (наставна и преведувачко–толкувачка насока) | 60 | 50 | 10 | 120 | 24 |
– Општа и компаративна книжевност (наставна и културолошка насока) | 20 | 10 | 5 | 35 | 7 |
Преведување и толкување (преведувачка и толкувачка насока) -англиски/француски -англиски/германски | 30 | 30 | / | 60 | 12 |
Преведување и толкување (преведувачка и толкувачка насока) -француски/англиски -француски/германски | 15 | 15 | / | 30 | 6 |
Преведување и толкување (преведувачка и толкувачка насока) -германски/англиски -германски/француски | 15 | 15 | / | 30 | 6 |
– Италијански јазик и книжевност (наставна насока) | 20 | 10 | 5 | 35 | 7 |
– Применети странски јазици англиски, француски, германски/италијански (шест семестри) (со можност за двојна диплома) | 10 | 10 | / | 20 | 4 |
Прв рок
Пријавување на кандидатите: 19.8. и 20.8.2025
Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг-листа): 26.8.2025
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа): 29.8.2025
Запишување на кандидатите: 4. и 5.9.2025
Втор рок
Пријавување на кандидатите: 11. и 12.9.2025
Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг-листа): 16.9.2025
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа): 18.9.2025
Запишување на кандидатите: 22.9.2025
Трет рок
Пријавување на кандидатите: 24.9.2025
Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг-листа): 25.9.2025
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа): 26.9.2025
Запишување на кандидатите: 29.9.2025
Пријавувањето на кандидатите за упис на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во уч. 2025/2026 г., согласно роковите утврдени со Конкурсот, ќе се врши во Одделението за студентски прашања од 8:30 до 15:30 часот.
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.
Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавниот лист што се поднесува при пријавувањето на Факултетот.
Упатство за регистрирање и пополнување на електронската пријава во iKnow–системот
iKnow–системот upisi.ukim.mk овозможува автоматско генерирање на дел од потребните документи: интерен пријавен лист, универзитетски пријавен лист и изјава за национална припадност, изјава за согласност за користење на лични податоци, врз база на внесените податоци на кандидатот. Кандидатите треба да ги отпечатат документите и да ги донесат на Факултетот на денот на пријавувањето.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Документите се поднесуваат во Одделението за студентски прашања на Факултетот
Заради поефикасно пријавување, Ве молиме, уплатите да ги извршите во локалните банки!
Кандидатите кои конкурираат за ВОНРЕДНО СТУДИРАЊЕ освен горенаведените ги поднесуваат и следните документи:
– Нотарски заверен Образец М1/М2 или
– Лекарско уверение од Студентската поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Кандидатите кои конкурираат за упис, а остваруваат право согласно Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на РСМ и членовите на нивните семејства (1. припадникот на безбедносните сили, 2. децата на загинат или починат припадник и 3. децата на воен инвалид од I до VII група воен инвалидитет) и со Законот за посебните права на учесниците во мировните операции и операциите за колективна одбрана надвор од територијата на Р. Северна Македонија и на членовите на нивните семејства покрај горенаведените документи при пријавувањето поднесуваат и документ од Министерството за одбрана или од Министерството за внатрешни работи.
* Дополнителното доставување документ за овие кандидати не се зема предвид.
Кандидатите кои конкурираат за некоја од наведените категории: лица без родители, лица од прв и втор степен на инвалидност, воени инвалиди или лица растени во домови за напуштени деца треба да достават соодветна документација и тоа:
– за лицe кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители до 26-годишна возраст, доколку се невработени (потврда од надлежниот центар за социјална работа и потврда од Агенцијата за вработување);
– за лица со инвалидност, согласно Уредбата која ја донесува Владата (се докажува со Наод и мислење на службата за функционална проценка при ЈЗУ Здравствен дом – Скопје и со Решение од Центарот за социјална работа за видот и степенот за попреченоста)
– за родител на дете до 6 годишна возраст, доколку е невработен (се докажува со извод од матична книга на детето и Потврда за евидентирано невработено лице)
– за воени инвалиди (се докажува со Решение за Министерството за труд и социјална политика – Управа за прашања на борците и воените инвалиди)
– за лице растени во домови за напуштени деца до 26-годишна возраст, доколу се невработени (Потврда од дом и Потврда за евидентирано невработено лице)
* Овие кандидати се запишуваат надвор од квотата, најмногу до 10% од вкупниот број редовни студенти на соодветниот факултет утврден во Конкурсот.
– За останатите категории кандидати се применуваат одредбите од Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2025/2026 година
Потсетување:
Документите се поднесуваат во Одделението за студентски прашања на Факултетот.
Заради поефикасно пријавување, Ве молиме, уплатите да ги извршите во локалните банки.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИТЕ СТУДЕНТИ:
Документите се поднесуваат во Одделението за студентски прашања на Факултетот од 8:30 до 15:30 часот
Заради поефикасен упис, Ве молиме, уплатите да ги извршите во локалните банки.
Уплатата треба да се изврши на следната жиро сметка:
Овој надоместок го поднесуваат сите примени кандидати, во сите категории студенти (вклучително и студентите ослободени од плаќање партиципација и кофинансирање, по разни основи). Овој надоместок студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишувањето на зимскиот семестар.
Овој надоместок го поднесуваат сите примени кандидати, во сите категории студенти (вклучително и студентите ослободени од плаќање партиципација и кофинансирање, по разни основи). Овој надоместок студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишувањето на зимскиот семестар.
Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка: