Уписи на прв циклус студии во уч. 2026/2027 г.

ФАКУЛТЕТИ

– СТУДИСКИ ПРОГРАМИ –

Редовни (кои се финансираат од

Буџетот на РСМ)

Редовни со школарина

Вонредни

Вкупен број на студенти

Студенти – странски државјани

Филолошки факултет

„Блаже Конески“

(бул. „Гоце Делчев“ бр. 9А) (8 семестри)

302

279

84

665

10% од вкупниот број студенти

– Македонски јазик и книжевност (наставна насока)

19

20

9

48

– Македонска книжевност и култура (наставна и културолошка насока)

28

20

10

58

– Албански јазик и книжевност (наставна насока)

18

10

4

32

– Албански јазик и книжевност (преведувачко-толкувачка насока)

10

10

/

20

– Турски јазик и книжевност – (наставна насока)

12

5

5

22

– Турски јазик и книжевност – (културолошка насока)

14

5

5

24

– Француски јазик – наставна и преведувачкo/толкувачка насока (со можност за почетно ниво)

14

10

5

29

– Двопредметна по француски јазик и книжевност со романски јазик и книжевност – (филолошка насока)

10

5

5

20

– Романски јазик и книжевност (преведувачка насока)

5

5

5

15

– Руски јазик (наставна и преведувачка насока) (почетно ниво)

11

5

5

21

– Полски јазик и книжевност (почетно ниво)

9

5

5

19

– Славистички студии – (руски, полски, чешки, словенечки јазик) (почетно ниво)

14

5

5

24

– Германски јазик и книжевност (наставна и преведувачко–толкувачка насока)

13

25

4

42

– Англиски јазик и книжевност (наставна и преведувачко–толкувачка насока)

0

4

3

7

– Општа и компаративна книжевност (наставна и културолошка насока)

12

10

10

32

Преведување и толкување

(преведувачка насока)

– Англиски/француски

– Англиски/германски

11

30

/

41

(преведувачка насока)

– Француски/англиски

– Француски/германски

14

15

/

29

(преведувачка насока)

– Германски/англиски

– Германски/француски

14

15

/

29

(толкувачка насока)

– Англиски/француски

– Англиски/германски

30

30

/

60

(толкувачка насока)

– Француски/англиски

– Француски/германски

15

15

/

30

(толкувачка насока)

– Германски/англиски

– Германски/француски

15

15

/

30

– Италијански јазик и книжевност (наставна насока)

14

10

4

28

– Применети странски јазици англиски, француски/германски, италијански (шест семестри) (со можност за двојна диплома)

0

5

/

5

Втор уписен рок
Пријавување на кандидатите: 10.9.-11.9.2026
Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг-листа): 15.9.2026
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа): 17.9.2026 
Запишување на кандидатите: 21.9.2026

Пријавувањето на кандидатите за упис на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во уч. 2026/2027 г., согласно роковите утврдени со Конкурсот, ќе се врши во Одделението за студентски прашања од 8:30 до 15:30 часот.

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавниот лист што се поднесува при пријавувањето на Факултетот.

Упатство за регистрирање и пополнување на електронската пријава во iKnowсистемот

  1. Отворете ја веб-страницата upisi.ukim.mk
  2. Отворeте кориснички профил следeјќи го линкот „Регистрирај се“, дури и ако сте се регистрирале во минатите уписни рокови, бидејќи корисничките имиња се избришани. Откако еднаш ќе отворите кориснички профил, при секое најавување во системот, користете го истото корисничко име и лозинка – не отворајте нов профил.
  3. Најавете се на upisi.ukim.mk и пополнете ја вашата електронска пријава. Пријавата можете да ја менувате во целост сè додека не кликнете на копчето ПРАТИ.

iKnowсистемот upisi.ukim.mk овозможува автоматско генерирање на дел од потребните документи: интерен пријавен лист, универзитетски пријавен лист и изјава за национална припадност, изјава за согласност за користење на лични податоци, врз база на внесените податоци на кандидатот. Кандидатите треба да ги отпечатат документите и да ги донесат на Факултетот на денот на пријавувањето.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Документите се поднесуваат во Одделението за студентски прашања на Факултетот

Заради поефикасно пријавување, Ве молиме, уплатите да ги извршите во локалните банки!

  1. Пријавен лист (Образец А1 – се купува од книжарницата на Факултетот и се пополнува на денот на пријавувањето)
  2. Електронска пријава (во iKnow-системот upisi.ukim.mk)
  3. Оригинални свидетелства од сите класови*
  4. Документ за положена државна или меѓународна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)*
  5. Извод од матична книга на родените (оригинал + копија)
  6. Доказ за државјанство на Р. Северна Македонија (уверение или решение) (оригинал)
  7. Административна такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00) (види примерок-уплатница / види ознаки за општините)
  8. Уплатница за уплатени 300 денари на жиро сметка на Филолошки факултет „Блаже Конески“ за конкурирање на студиските програми без проверка на знаења и умеења (види примерок-уплатница)
  9. Интерен пријавен лист и Универзитетски пријавен лист (се печатат од електронската пријава на iKnow-системот upisi.ukim.mk)
  10. Изјава за национална припадност (се приложува само ако во свидетелствата и во дипломите не е наведена националната припадност – се печати од електронската пријава на iKnow-системот upisi.ukim.mk)
  11. Изјава за согласност за користење на лични податоци (се печати од електронската пријава на iKnow-системот upisi.ukim.mk)
  12. Изјава за согласност за кофинансирање на студииите (линк за преземање)

Кандидатите кои конкурираат за ВОНРЕДНО СТУДИРАЊЕ освен горенаведените ги поднесуваат и следните документи:

Нотарски заверен Образец М1/М2 или

Лекарско уверение од Студентската поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Кандидатите кои конкурираат за упис, а остваруваат право согласно Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на РСМ и членовите на нивните семејства (1. припадникот на безбедносните сили, 2. децата на загинат или починат припадник и 3. децата на воен инвалид од I до VII група воен инвалидитет) и со Законот за посебните права на учесниците во мировните операции и операциите за колективна одбрана надвор од територијата на Р. Северна Македонија и на членовите на нивните семејства покрај горенаведените документи при пријавувањето поднесуваат и документ од Министерството за одбрана или од Министерството за внатрешни работи.

* Дополнителното доставување документ за овие кандидати не се зема предвид.

Кандидатите кои конкурираат за некоја од наведените категории: лица без родители, лица од прв и втор степен на инвалидност, воени инвалиди или лица растени во домови за напуштени деца треба да достават соодветна документација и тоа:

– за лицe кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители до 26-годишна возраст, доколку се невработени (потврда од надлежниот центар за социјална работа и потврда од Агенцијата за вработување);

– за лица со инвалидност, согласно Уредбата која ја донесува Владата (се докажува со Наод и мислење на службата за функционална проценка при ЈЗУ Здравствен дом – Скопје и со Решение од Центарот за социјална работа за видот и степенот за попреченоста)

– за родител на дете до 6 годишна возраст, доколку е невработен (се докажува со извод од матична книга на детето и Потврда за евидентирано невработено лице)

– за воени инвалиди (се докажува со Решение за Министерството за труд и социјална политика – Управа за прашања на борците и воените инвалиди)

– за лице растени во домови за напуштени деца до 26-годишна возраст, доколу се невработени (Потврда од дом и Потврда за евидентирано невработено лице)

* Овие кандидати се запишуваат надвор од квотата, најмногу до 10% од вкупниот број редовни студенти на соодветниот факултет утврден во Конкурсот.

За останатите категории кандидати се применуваат одредбите од Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2026/2027 година

При евентуални технички проблеми при пријавувањето пишете мејл на соодветната студиска програма на Студентски прашања.

Потсетување:

Документите се поднесуваат во Одделението за студентски прашања на Факултетот.

Заради поефикасно пријавување, Ве молиме, уплатите да ги извршите во локалните банки.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИТЕ СТУДЕНТИ:

Документите се поднесуваат во Одделението за студентски прашања на Факултетот

на 3 и 4 септември 2026 од 8:30 до 15:30 часот

Заради поефикасен упис, Ве молиме, уплатите да ги извршите во локалните банки.

  1. Индекс и студентска легитимација (се купуваат од книжарницата на Факултетот)
  2. Три фотографии (две 3.5х4.5 см и една 2х3 см)
  3. Потврда за уплата на 100/200 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РСМ на денот на плаќањето за партиципација. (види примерок-уплатница)

Уплатата треба да се изврши на следната жиро сметка:

  • Назив на примачот: Буџет на РСМ – ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“
  • Банка на примачот: НБРСМ
  • Сметка: 100000000063095
  • Сметка на буџетски корисник: 1600104235 788 10
  • Приходна шифра: 723012
  • Програма 41
  • Цел на дознака: Партиципација за зимски семестар 2026/2027
  1. Потврда за уплатени 750,00 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со цел на дознака ИКСА на УКИМФилолошки факултет „Блаже Конески“ (види примерок-уплатница)
  • жиро сметка 100000000063095
  • депонент: НБРСМ со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18
  • приходна шифра 723012
  • програма 41

Овој надоместок го поднесуваат сите примени кандидати, во сите категории студенти (вклучително и студентите ослободени од плаќање партиципација и кофинансирање, по разни основи). Овој надоместок студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишувањето на зимскиот семестар.

  1. Потврда за уплатени 100,00 денари за дигитални форми на обрасци за упис и заверка на семестар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со цел на дознака Дигитални обрасци на УКИМ за Филолошки факултет „Блаже Конески“ (види примерок-уплатница)
  • жиро сметка 100000000063095
  • депонент: НБРСМ со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18
  • приходна шифра 723019
  • програма 41

Овој надоместок го поднесуваат сите примени кандидати, во сите категории студенти (вклучително и студентите ослободени од плаќање партиципација и кофинансирање, по разни основи). Овој надоместок студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишувањето на зимскиот семестар.

  1. Договор за студирање на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (договорот се пополнува на Факултетот на денот на уписот во два примерока)
  2. Потврда за уплата на 2.000,00 денари со цел на дознака Материјални ресурси за реализација на студиските програми. (види примерок-уплатница)

Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:

  • Назив на примачот: Буџет на РМ – ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ Банка на примачот: НБРСМ
  • Сметка: 100000000063095
  • Сметка на буџетски корисник: 1600104235 788 10
  • Приходна шифра: 723012
  • Програма 41
  1. Статистички образец ВОИ-20 – се пополнува електронски и се доставува на Одделението за студентски прашања

Секој студент е должен да го пополни Електронскиот образец за статистика ВОИ.20 преку следниот линк:

Образец ВОИ.20 – Услуги.gov.mk

При пополнувањето на Образецот ВОИ.20 во делот Степен на студии се бира Академски универзитетски студии.

За користење на услугата потребно е да имате креирано профил на НИСКО НИВО или да се најавите со постоечкото корисничко име од УЈП.

По успешно пополнување и поднесување на образецот, системот ќе Ви издаде:

  1. Генериран образец и
  2. Потврда за успешно доставен образец

со електронски печат на Државниот завод за статистика (ДЗС)

Студентите се должни Потврдата за успешно доставен образец да ја достават до Факултетот при упис на академската 2026/2027 година.

Важни насоки при пополнување на ВОИ.20

Ве молиме, при пополнувањето на образецот и пријавувањето на семестарот, обрнете внимание на следното:

  1. Доколку првпат креирате профил на УЈП, регистрацијата треба да ја направите преку следниот линк:
    Е-УЈП
    По регистрацијата, потребно е лично да одите во канцеларија на УЈПза да Ви биде одобрена регистрацијата.
  2. Доколку ја имате заборавено лозинката за УЈП, можете да ја ресетирате преку:
    Е-УЈП
    изберете ја опцијата „Заборавена лозинка“. За ова е потребно да имате пристап до Вашата регистрирана е-пошта.
  3. Доколку веќе имате профил на УЈП, но на порталот uslugi.gov.mk Ви покажува дека профилот е со „ОСНОВНО НИВО“, потребно е лично да се обратите во канцеларија на УЈП за промена на профилот во „НИСКО НИВО“.
  4. Доколку профилот е со „НИСКО НИВО“ и се прикажуваат Вашето име, презиме и останатите лични податоци, профилот е правилно активиран. Во тој случај, пребарајте ја услугата ВОИ.20 и продолжете со пополнување на образецот.
  5. Доколку сте новозапишан студент (бруцош) и првпат се пријавувате преку порталот uslugi.gov.mk, а сè уште немате број на индекс, во полето за број на индекс внесете 0000.
  6. По успешно пополнување и поднесување на апликацијата, потребно е да ги испечатите и доставите до Факултетот:

– Потврдата за барање

– Излезниот документ

Напомена: Излезниот документ може да не биде достапен веднаш по поднесувањето. Доколку не се појави, почекајте неколку минути и освежете ја страницата/прозорецот.

Важно

Горенаведените насоки се подготвени врз основа на досегашното искуство со студентите, со цел да Ви го олеснат процесот на пополнување и доставување на образецот ВОИ.20.

Ве молиме внимателно следете ги упатствата за да се избегнат непотребни одложувања при запишувањето.

Неисполнувањето на оваа обврска, ќе значи неможност за запишување на зимскиот семестар.

ФАКУЛТЕТИ  – СТУДИСКИ ПРОГРАМИ

Редовни (кои се фи­нан­си­ра­ат од Буџетот на РСМ)

Редовни со школарина

Вонредни

Вкупен број на студенти

Студенти – странски државјани

Филолошки факултет 

„Блаже Конески“

(бул. „Гоце Делчев“ бр. 9А) (8 семестри)

415

295

95

805

10% од вкупниот број студенти

Македонски јазик и книжевност (наставна насока)

30

20  

 10

 60

Македонска книжевност и култура (наставна и културолошка насока)

30

20

10

60

Албански јазик и книжевност (наставна насока)

20

10

5

35

Албански јазик и книжевност (преведувачко-толкувачка насока)

10

10

/

20

Турски јазик и книжевност – (наставна насока)

15

5

5

25

Турски јазик и книжевност – (културолошка насока)  

15

5

5

25

Француски јазик – наставна и преведувачкo/толкувачка насока (со можност за почетно ниво)

20

10

5

35

Двопредметна по француски јазик и книжевност со романски јазик и книжевност – (филолошка насока)

10

5

5

20

Романски јазик и книжевност (преведувачка насока)

5

5

5

15

Руски јазик (наставна и преведувачка насока) (почетно ниво)

15

5

5

25

Полски јазик и книжевност (почетно ниво)

10

5

5

20

Славистички студии – (руски, полски, чешки, словенечки јазик) (почетно ниво)

15

5

5

25

Германски јазик и книжевност (наставна и преведувачко – толкувачка насока)  

25

25

5

55

Англиски јазик и книжевност (наставна и преведувачко – толкувачка насока)

30

20

10

60

Општа и компаративна книжевност (наставна и културолошка насока)

15

10

10

35

Преведување и толкување  

(преведувачка насока)

– англиски/француски

– англиски/германски

30

30

/

60

 (преведувачка насока)

– француски/англиски

– француски/германски

15

15

/

30

 (преведувачка насока)

– германски/англиски

– германски/француски

15

15

/

30

(толкувачка насока)

– англиски/француски

– англиски/германски  

30

30

/

60

(толкувачка насока)

– француски/англиски

– француски/германски

15

15

/

30

(толкувачка насока)

– германски/англиски

– германски/француски

15

15

/

30

Италијански јазик и книжевност (наставна насока)

20

10

5

35

Применети странски јазици англиски, француски, германски/италијански (шест семестри) (со можност за двојна диплома)

10

5

/

15

Прв уписен рок
Пријавување на кандидатите: 18.8.-19.8.2026
Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг-листа): 24.8.2026
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа): 27.8.2026 
Запишување на кандидатите: 3.9.-4.9.2026