XII МЕЃУНАРОДНА МАКЕДОНСКО-ПОЛСКА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
и
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 65–ГОДИШНИНА ОД ОСНОВАЊЕТО
НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛОНИСТИКА
4 – 5 октомври, 2024 г.
Полонистиката како посебна славистичка дисциплина почнува со работа на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, при Катедрата за славистика во учебната 1959/1960 г., по иницијатива на академик Божидар Видоески. Од првиот лектор, Влоѓимјеж Пјанка до сегашниот, Наталија Лукомска, лекторатот по полски јазик го воделе 14 лектори, меѓу кои: Кшиштоф Вроцлавски, Маќеј Кавка, Кажимјера Солецка. Со доаѓањето на академик Зузана Тополињска како визитинг професор во 1983/1984 г. се создадени услови дотогашниот лекторат да прерасне во целосни студии по полски јазик и книжевност. Прв вработен наставник на полонистика е Ташко Белчев, а долгогодишни наставници на одделот за полонистика се: акад. З. Тополињска како гостин професор (до 1999 г.), проф. д-р Германија Шокларова-Љоровска (до 2006 г.), проф. д-р Милица Анчевски и проф. д-р Лидија Танушевска. Професорите, соработниците и студентите од Полонистика активно учествувале во повеќе национални и меѓународни проекти во соработка со различни институции како МАНУ, Факултетот за информатички науки при УКИМ, Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“, Амбасадата на Република Полска во Македонија и др. Соработката на полонистиката при Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ со многу универзитети во Полска и со одделите за полонистика на универзитетите во други земји се согледува и преку учеството во проектот од програмата Еразмус „Towards modern slavic studies“ (во соработка на Катедрата за славистика од УКИМ, Шлезискиот Универзитет од Полска и Остравскиот Универзитет од Чешка), а по бројот на гостувања на предавачи од Полска преку програмата за мобилност „Еразмус +“, Полонистика стана лидер на факултетот. Со бројните учества на различни полонистички и славистички научни конференции во земјата и во странство и со објавување на научни трудови во многубројни домашни и меѓународни зборници и списанија, полонистите, славистите и македонистите од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ го зголемуваат влогот во полонистичката наука, воопшто.
XII македонско-полска конференција претставува продолжување на долгогодишните врски на полонистите, македонистите и славистите од Македонија со македонистите, славистите и полонистите од Полска и пошироко. Досега се одржани единаесет македонско-полски/ полско-македонски конференции во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и Јагелоњскиот универзитет од Краков, Шлезискиот универзитет од Катовице, Варшавскиот универзитет, Универзитетот „Адам Мицкевич“ од Познањ и Вроцлавскиот универзитет. Целта на годинешнава конференција е да се дискутира за современите предизвици на филологијата во денешницата. Затоа ги предлагаме следниве тематски области:
Конференцијата ќе се одвива со физичко присуство.
Учеството и печатењето на трудовите во зборник е бесплатно.
Патот и сместувањето се на трошок на учесниците.
Рокот за пријавување е до 10 март, 2024 г. Пополнетата пријава (на следната страница) треба да се испрати на двете електронски адреси: slavistika@flf.ukim.edu.mk и lidkapol@yahoo.com. Ве молиме документот да го именувате со Вашето име и презиме (пр. Име_Презиме.doc) со назнака: За 12. македонско-полска конференција.
Работни јазици на конференцијата: полски и македонски.
Организациски одбор:
проф. д-р Милица Анчевски
проф. д-р Лидија Танушевска
проф. д-р Јасминка Делова-Силјанова
проф. д-р Станислава-Сташа Тофоска
д-р Наталија Лукомска
секретар Климент Ристески