прв циклус студии:

  • Германскојазична книжевност 5 
  • Германскојазична книжевност 7
  • Преведување од герм. (Б, В) на мак. јаз. 3
  • Преведување од мак. на герм. (Б) јаз. 3
  • Германскојазична книжевност 6
  • Германскојазична книжевност 8  
  • Продуктивна рецепција на австриската поезија 
  • Преведување од герм. (Б, В) на мак. јаз. 5
  • Преведување од мак. на герм. (Б) јаз. 5
  • Стручен предмет по германски јазик – економија
  • Стручен предмет по германски јазик –  политички науки

втор циклус студии:

  • Поетиката на Виенската модерна;
  • Преведувањето книжевни текстови како ре-креативна дејност
  • Консекутивно толкување од македонски на германски јазик

трет циклус студии:

  • Специјалистички предмети од областа на германскојазичната книжевност

Дипломирала на Филолошкиот Факултет во Скопје во 1987 г. и се стекнала со стручниот назив: Професор по германски јазик и книжевност со македонски јазик – наставна и преведувачка насока. Во рамките на додипломските студии два семестри посетувала настава на Катедрата за германистика при Универзитот „Мартин Лутер“, во Хале-Витемберг. 

 

Во 1996 г. магистрирала на Филолошкиот факултет при Универзитетот во Белград, Р. Србија, во областа Наука за книжевност.

 

Во 2004 г. се стекнала со научниот степен: Доктор по филолошки науки при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје.

 

Реализирала едногодишен истражувачки студиски престој на Универзитетот „Хајнрих Хајне“ во Диселдорф (1993-1994).

 

Од 2000 г. учествувала на повеќе семинари од областа на австриската книжевност одржани во Виена, Р. Австрија. Во својство на предавач учествувала на неколку семинари за наставници по германски јазик во организација на ДААД.

 

Учесничка е во меѓународниот научнообразовен проект за вториот циклус Конференциско толкување при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Генералната дирекција за толкување (SCIC) при Европската комисија во Брисел.

 

Остварила студиски престој заради стручно усовршување на Институтот за толкување и преведување во Хајделберг (12.2.- 4.3.2001).

 

Учествала на преведувачката работилница при Струшките вечери на поезијата со препев на 30 песни на германски јазик заедно со д-р Петер Рау (18.8.- 24.8.2005).

 

Учествала во Меѓународниот проектот за размена на професори и студенти, во областа на конференциското толкување со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Софија, Р. Бугарија и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Посетувала обуки на меѓународниот семинар „Training for Trainers“ во организација на Генералниот директорат за толкување во Брисел. Учествувала во проектот „Гралис-Мак-Проект“ (30.-31.3.2012) со Грац, Р. Австрија.

 

Била претседател на Комисијата за предлагање на издавање на одобрение за употреба на учебници по Германски јазик при Педагошката служба на Министерството за образование на РМ (15.4. 2011).

 

Активно работи како преведувач на книжевни дела од германски јазик и има преведено бројни прозни и поетски дела. Добитничка е на наградата Златно перо за 2014 година од страна на Советот на книжевните преведувачи за преводот на делото „Фантастични раскази“ од Е. Т. А. Хофман.

 

Воедно е активна како конференциски толкувач од германски на македонски јазик и обратно и е една од основачите и член на Управниот одбор на Здружението преведувачи и толкувачи на РСМ, МАТА. 

Учествувала на речиси сите годишни конференции на Здружението германисти од југоисточна Европа (SOEGV) каде ја вршела и функцијата потпретседател (2018- 2013) и претседател (2013- 2018).

Книги:

  1. Николовска, З. (2012). Распаѓањето на хабсбуршкиот во романескиот свет – Р. Музил, Х. Брох и Ј. Рот,Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје.

Преводи:

  1. Кривичен Законик на Сојузна Република Германија, Германска фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ), Скопје, Макавеј, 2019.
  2. Е. Т. А. Хофман. Фантастични раскази. Скопје: Три, 2014.
  3. Роберт Музил: Раскази, Едиција: Ѕвезди на светската книжевност, Магор, Скопје, 2014.
  4. Кристине Нестлингер: Конрад или Момчето од конзерва, Икона, Скопје, 2014.
  5. Роберт Музил: Заблудите на питомецот Терлес (роман) и циклусот раскази: Соединувања: Совршенството на љубовта и Искушението на тивката Вероника, Едиција: Ѕвезди на светската книжевност том 235, Магор, Скопје, 2013.
  6. Кирстен Боје: Со раѓањето на Јакоб сѐ се смени. Икона, Скопје 2013.
  7. Франц Кафка: Селскиот лекар. Во: Црни овци. Антологија на светскиот расказ. Детска радост, Скопје, 2012: 130-138.
  8. Михаел Енде: Момо, Икона, Скопје, 2012.
  9. Манфред Франк: Што е тоа неоструктурализам? Контекст, Скопје, 2011: 129-147.
  10. Излагања од управното право и управното судство, Придонеси од работата на Фондацијата за меѓународна правна соработка (ИРЗ), Магор ДОО Скопје, 2011, (заедно со Е. Авдиќ).
  11. Manfred Frank: What is Neostructuralism? Interpretations: New Literary Theory and Hermeneutics, Edited: K. Kulavkova & N. Avramovska, 2011, Скопје, 193-215.
  12. Правниот однос меѓу граѓанинот и државата во демократско-правната држава: Фондација Фридрих Еберт, Скопје, 2011 (заедно со Емина Авдиќ).
  13. Фестивал на новиот германски филм – октомври 2011, превод на филмовите: „Гете“, „Градот под тебе“, „Трагата на мечките“ и „Берлин е во Германија“, Германска Амбасада, 2011.
  14. Излагања од управното право и управното судство, Придонеси од работата на Фондацијата за меѓународна правна соработка (ИРЗ), Магор ДОО Скопје, 2011, превод заедно со Е. Авдиќ.
  15. Закон за кривична постапка на Сојузна Република Германија, (заедно со Е. А.), Скопје, Магор, 2009.
  16. Роберт Музил: Три жени, Магор, Скопје, 2008.
  17. Роберт Музил: Совршенството на љубовта, во „Свет во мало“, антологија на светскиот расказ, приредувач: К. Ќулавкова, Скопје 2008: 139-193.
  18. Препев на поезијата на Тимо Брунке,перформанс презентиран на 31.10.2008 год.,кино „Фросина“, Скопје.
  19. Дитмар Голтшниг: Трагиката и иронијата во параболите на Кафка и во неговиот роман „Процес“, Културен живот, 2007: 93-103.
  20. Хуго Дизеринк: Кон проблемот на „images“ и “mirages” и нивното истражување во рамките на компаративната книжевност, Спектар, 2007.
  21. Препев на поезија на Баз Бетнер презентирана на 09.03.2007 год. , Кино Фросина, Скопје.
  22. Препев на поезија на Сјон: Астрономија на гладниот, Струшки вечери на поезијата, 2007.
  23. Препев на поезијата на Петар Т. Бошковски на германски јазик за СВП 2005 г. заедно со Петер Рау.
  24. Јохан Хојзинга: Homo Ludens: За потеклото на културата во играта. Во: Естетика на играта, приредил И. Џепароски, Култура, 2003.
  25. Роберт Музил. Кос и „Човек без карактер. Во: Мајсторски раскази, Сигмапрес, Скопје, 2000.
  26. Балади Гете/Шилер”,(препев на баладите на Шилер Жеравите на Ибик и Нуркачот), Сигмапрес, Скопје, 2000.

Научни и стручни статии:

  1. Николовска, З., Ѓорѓиева, М. (2023). Митолошко-поетски проникнувања: ликот на Прометеј во македонската и во германската поезија. Славистички студии, Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ 23, во печат.
  2. Николовска, З. (2018). Сликите за војната и за човековиот копнеж во експресионистичката поезија на германски јазик. Годишен зборник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, Скопје, 43.
  3. Николовска, З. (2018). Метафората на преобразбата на човекот во животно кај Франц Кафка, Спектар, Меѓународно списние за литература и наука. Институт за македонска литература, год. XXXVI, Скопје, 71: 127-134.
  4. Nikolovska, Z. (2018). Der Übersetzungsprozess als Machtäquilibrium zwischen verschiedenen Kulturen, Палимпсест, Меѓународно списание за лингвистички, книжевни и културолошки истражувања, год. III, Штип, 5: 233-241.
  5. Николовска, З. (2018). Кон дискурсот на Виенската Модерна книжевност. Спектар, Меѓународно списние за литература и наука. Институт за македонска литература, Скопје, 69: 93-101.
  6. Николовска, З. (2018). Рефлексии на другоста – Македонија во германскојазичната патописна литература, XLIV Зборник на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид 17-18 јуни 2018, Скопје.
  7. Николовска, З. (2017). Предизвиците при преведување на културолошките и интертекстуалните специфики, XLIII Зборник на Меѓународната научна конференција, на XLIX Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид 25.-26. јуни, 2017. Скопје: 33-39.
  8. Николовска, З. (2016). Транслатолошките аспекти во преведувањето книжевност за деца и млади, Спектар, Скопје, 67: 177-186.
  9. Николовска, З. (2015). Интертекстуални проникнувањаРилке, Лу Саломе и Ќорвезироска. XLI Зборник на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид 2014.
  10. Николовска, З. (2014). Поговор за книжевен превод: Ефи Брист – жената-браколомничка или жртва на општествените конвенции“. Во: Теодор Фонтане: Ефи Брист, Едиција: Ѕвезди на светската книжевност том, Магор, Скопје.
  11. Николовска, З. (2014). Поговор за книжевен превод: Магијата на нечуеното случување во рамковната новела „Јавачот на белиот коњ“. Во: Теодор Шторм: Јавачот на белиот коњ, Едиција: Ѕвезди на светската книжевност том, Магор, Скопје.
  12. Николовска, З. (2014). Поговор за книжевен превод: Бајколикоста и мистичноста во расказите на Роберт Музил. Во: Роберт Музил: Раскази, Едиција: Ѕвезди на светската книжевност, Магор, Скопје.
  13. Николовска, З. (2013). Поговор за книжевен превод: Човекот како креатор – идентитетите како можности. Во: Макс Шриш: Хомо Фабер. Едиција: Ѕвезди на светската книжевност, Магор, Скопје: 183-190.
  14. Николовска, З. (2013). Поговор за книжевен превод: Епскиот театар на Бертолд Брехт. Во: Бертолд Брехт: Мајка храброст и нејзините деца, Опера за три гроша. Едиција: Ѕвезди на светската книжевност, Магор, Скопје: 183-190.
  15. Николовска, З. (2013). Поговор за книжевен превод: Роберт Музил – другата состојба и дихотомијата на реалното и можното. Во: Роберт Музил: Заблудите на питомецот Терлес, циклус раскази: Соединувања: Совршенството на љубовта и Искушениоето на тивката Вероника. Едиција: Ѕвезди на светската книжевност том 235, Магор, Скопје: 233-239.
  16. Николовска, З. (2013). Поговор за книжевен превод: Отчовечувањето во сатиричните трагикомедии на Фридрих Диренмат (заедно со Петер Рау). Во: Фридрих Диренмат: Посетата на старата дама, Физичари. Едиција: Ѕвезди на светската книжевност том 259, Магор, Скопје : 181-188.
  17. Николовска, З. (2013). Поговор за книжевен превод: Феминистичка демитологизација на Касандра на Криста Волф, Во: од Криста Волф: Касандра. Едиција: Ѕвезди на светската книжевност том 532 , Магор, Скопје.
  18. Николовска, З. (2012). Поговор кон преводот на драмите: Посетата на старата дама и Физичари од Ф. Диренмат под наслов: „Отчовечувањето во сатиричните трагикомедии на Фридрих Диренмат“ заедно со Петар Рау, Едиција: Ѕвезди на светската книжевност том 359 , Магор, Скопје.
  19. Nikolovska, Z. (2012). Übersetzungsaspekte der Emotionalität in der Kinder-und Jugendliteratur am Beispiel der makedonischen Übersetzung von Michael Endes Momo. Emotionen in Sprache und Kultur, (Hrsg.) Polajnar, Janja, Ljubljana: 346-351.
  20. Nikolovska, Z. (2012). Hommage to Christa Wolf – A Feminist Deconstruction and Reconstruction of the Cassandra Myth. Context/Контекст, 2012, Skopje: 57-63.
  21. Nikolovska, Z. (2011). Ich fühle, also bin ich: narrative und strukturelle Dimensionierung weiblicher Emotionalität in Robert Musils „Drei Frauen§´“. In: Tagungsband der 3. Jahreskonferenz des SOEGV: Nomen est omen – Name und Identität in Sprache, Literatur und Kultur, Philologische Fakultät „Blaze Koneski“-Skopje: 153-167.
  22. Nikolovska, Z. (2011). In: Deine Sprache – meine Sprache. Handbuch zu 14 Migrationssprachen und zu Deutsch. (заедно со Н. Аврамовска и Н. Селими), Lehrmittelverlag Zürich: 69-83.
  23. Николовска, З. (2010). Пледоаје кон поимот австриска книжевност. Годишен зборник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“: 433-442.
  24. Николовска, З. (2010). Мерење на границите – интеркултурните аспекти меѓу македонската и австриската книжевност. XXXVI Научна конференцијa на Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура (Охрид, 24. и 25. август 2009) – Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј: 199-204.
  25. Nikolovska, Z. (2009). Die Reise als Selbsreflexion der globalisierten Welt und geistiges Exil. Aspekte der Interkulturalität mit dem österreichischen Kulturraum am Beispiel der mazedonischen zeitgenössischen AutorInnen. In: Tagungsband der 2. Jahreskonferenz des SOEGV Mobilität und Kontakt: Deutsche Sprache, Literatur und Kultur in ihrer Beziehung zumsüdosteuropäischen Raum, S. Kabić/G.Lovrić, Zadar: 341-347.
  26. Nikolovska, Z. (2007). Der Zerfall der Multikulturalität in Joseph Roths Romanwerk, (Germanistentreffen Tagungsbeiträge. Deutschland Süd-Ost-Europa, Bonn 2006), DAAD, Bonn: 153-161.
  27. Николовска, З. (2006). Роберт Музил или за поетиката на одбивањето да се раскажува, Годишен зборник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“: 265-275.
  28. Николовска, З. (2006). Мултикултурноста на австриското книжевно писмо како диференцијална особеност наспрема другите книжевности на германски јазик, Спектар 48: 107-115.
  29. Николовска, З. (2005). Саморефлексијата на средноевропскиот мултикултурализам во раскажувачкиот свет на Јозеф Рот,Спектар, Скопје: 45-46.
  30. Николовска, З. (2004-2005). Австрискиот модерен роман во контекст на европскиот роман, Годишен зборник на Филолошкиот факултет,Скопје, 30: 173-185.

Линк:

  • Транслаторско-културолошките аспекти на расказот Песна од Блаже Конески во преводот на германски јазик, „Гралис-Мак-Проект“, Грац, Австрија. Електронско списание: http://www-gewi.kfunigraz.ac.at/gralis/projektarium/MaKorpus/Symposien.html