По завршувањето на додипломските студии во 2002 година, се запишала на постдипломски студии на отсек Наука и јазик на истата катедра. Својот магистерски труд „Стратегии на изразување барања во македонскиот и во англискиот јазик“ го одбранила во 2007 година, а во 2013 година го одбранила докторскиот труд од областа Прагматика и Анализа на дискурсот со наслов „Прагматичката улога на метадискурсните маркери при градењето и постигнувањето убедување во пишаниот и во говорниот текст во англискиот и во македонскиот јазик“.
Д-р Трајкова Стрезовска има богато работно искуство. По дипломирањето работела најпрвин како лектор на Воената академија во Скопје (2002-2005), потоа на Факултетот за безбедност во Скопје (2005-2010), во неколку приватни училишта за странски јазици, а на Катедрата за англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет првин била ангажирана како надворешен соработник (2004-2009), а од 2010 година е редовно вработена. Била ангажирана како надворешен соработник и на Правниот факултет во Скопје (2016-2023).
Досега д-р Трајкова Стрезовска има учествувано во бројни проекти, меѓу кои: Challenges and efficient recovery from COVID-19 и Alumni encouraging community services and extracurricular activities на Македонско-американската алумни асоцијација, поддржани од Американската амбасада во Скопје; Developing Applied Foreign Language Skills, Развивање на јазичните компетенции на идните наставници по англиски јазик со имплементирање на ЗЕРРЈ, Електронски Филолошки ресурси на Филолошкиот факултет, УКИМ; Academic Writing и Crowdsourcing Language Assessment project – CLAP на Центарот за англиска корпусна лингвистика, Лувен, Белгија и други.
Д-р Трајкова Стрезовска има учествувано во бројни работилници, семинари, конференции како автор или коавтор на научни трудови во земјата и странство. Била член на факултетски и државни стручни комисии, била рецензент на трудови и книги, ментор на магистерски трудови и член на комисии за докторски трудови. Досега има престојувано на неколку универзитети во странство како стипендист на: американската влада – на Државниот Универзитет Аризона во САД (2009год.); DAAD Stabilization Fund, на Универзитетот Кемниц, Германија (2014год.); Еразмус програмата на Универзитетот Лоџ, Полска (2017год.) итн. Д-р Трајкова Стрезовска има и дополнителни ангажмани како претседател на Македонско-американската алумни асоцијација (2023-2025год.) и уредник на списанието на асоцијацијата (2018-2024год.).
Книги (научни – автор, уредник, ко-уредник и/или автор и уредник):
Дел од книга:
Книги (преводи):
Библиографија на научни и стручни статии (избрани поважни библиографски единици):
Линкови:
https://www.researchgate.net/profile/Zorica-Trajkova
https://ukim.academia.edu/ZTrajkova
https://scholar.google.com/citations?user=2Iy8VDsAAAAJ&hl=en
https://www.linkedin.com/in/zorica-trajkova-8719a532/?originalSubdomain=mk