18 декември 2026 год.
П О К А Н А
Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје
Ве поканува да учествувате на
МЕЃУНАРОДНИОТ НАУЧЕН СОБИР „ФИЛОЛОГИЈАТА ДЕНЕС – ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ“
18 декември 2026 год.
По повод одбележувањето на двата значајни јубилеи, 80 години од основањето на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, со Решение од Владата на НР Македонија во 1946 година и 80 години од првите предавања, одржани на 16 декември 2026 година, чест ни е да ве поканиме на Меѓународниот научен собир „Филологијата денес – предизвици и перспективи“, кој ќе се одржи на 18 декември 2026 година.
Темата на собирот се однесува на моменталните состојби во филологијата, но и на нејзините перспективи како дисциплина, која денес се соочува со низа прашања и предизвици. Тие првенствено се однесуваат на местото и на интересот за филолошките студии во локални и во светски рамки, особено во однос на подемот на вештачката интелигенција. Во т.н. ера на човекот, обележена со експлозија од информации, технолошки развој и проширување на научните сознанија меѓу различните дисциплини, а со тоа и појава на нови научни дисциплини, научиот собир ќе се обиде да ги маркира промените во човековото влијание врз научното спознание и начинот како се манифестира тоа во процесот на општествената размена. Оваа ера се карактеризира со присуството на човекот како фактор на климатските промени и на промените во животната средина, а филологијата како наука ги следи модусите на репрезентација во различните сфери на споделеното човеково искуство. Предвидените теми на конференцијата ќе се однесуваат на традиционалните методи во филолошките истражувања, како и на актуелноста, односно на современите теориски, интердисциплинарни и други видови перспективи.
Предложените реферати можат да се однесуваат (но не се нужно ограничени) на една од следните теми:
УПАТСТВО ЗА УЧЕСТВО И ВАЖНИ ДАТУМИ:
Организациски одбор:
проф. д-р Искра Тасевска Хаџи-Бошкова, претседател
проф. д-р Ирина Бабамова
проф. д-р Маријана Ѓорѓиева
проф. д-р Осман Емин
проф. д-р Руска Ивановска –Наскова
проф. д-р Исмет Османи
проф. д-р Бојан Петревски
проф. д-р Елизабета Шелева
доц. д-р Игор Поповски, секретар
д-р Михаил Атанасов Раду, виш лектор, секретар