CEEPUS мрежата Slavic Philology

Средба на координаторите на CEEPUS мрежата Slavic Philology and Its Cultural Contexts

 

Од 4 до 6 јули 2024 година на Филозофскиот факултет во Загреб се одржа состанок на координаторите на CEEPUS мрежата Slavic Philology and Its Cultural Contexts.

 

На средбата, покрај координаторот од Скопје (Биљана Мирчевска-Бошева), учествуваа координаторите од партнерските институции од Загреб, Грац,  Софија, Белград, Братислава, Прага, Љубљана и Оломуц. За време на средбата координаторите разменија искуства и разговараа за идните заеднички активности. Целта на средбата беше да се зајакне мрежата, која е една од најстарите и најбројните во CEEPUS.
Мрежата „Словенска филологија и нејзините културни контексти“ се фокусира на словенската филологија, од аспект на подобрување на филолошките и лингвистичките компетенции и јазичните вештини преку академска настава, како и на размена на теоретски и методолошки пристапи за учење и настава на јазици. Една од главните цели на мрежата е да ја олесни соработката помеѓу партнерските институции преку обезбедување заедничка средина за филолошка едукација, а со тоа создавање можности за двонасочна размена на знаења и културни компетенции. Повеќе за мрежата може да дознаете на следниот