Лексикологија на албанскиот јазик1
Граматика на албанскиот јазик 3
Споредбена граматика на албанскиот и македонскиот јазик
Лексикологија на албанскиот јазик 2
Граматика на албанскиот јазик 4
Стручна терминологија
Ономастика
EMAIL: i.osmani@flf.ukim.edu.mk
Образование:
Исмет Османи е роден на 28.12.1967 во с. Горно Свилари, Скопје. Осноното и средното образование ги заврши во Скопје. Додипломските студии ги завршил на Катедра за албански јазик и книжевност – наставна насока, Филолошки факултет „Баже Конески“ при универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 1990 година.
Магистрирал на Филолошки факултет „Блаже Конески“ при универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на тема „Албанските свадбени народни песни и обичаи во Скопскиот Дервен“, 2000 година.
Докторирал на Филолошки факултет „Баже Конески“ при универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на тема „Морфонолошки промени во гегиски говори”, 2005 година.
Работно искуство:
По завршување на додипломските студии е ангажиран како надворешен соработник во Македонската радио-телевизија – програма на албански јазик, како новинар, преведувач од македонски на албански јазик и лектор. Од 1993-2006 год. работи како професор по македонски јазик и книжевност во средното училиште „Иса Бег-Медреса” – Скопје. Во учебната 1997/1998 до 2011 година бил ангажиран на ФИН – Скопје како наставник по предметите Современ албански јазик 1, 2 и Академско пишување по албански јазик. Од 2003 до 2011 година беше ангажиран на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ како стручњак од практиката по предметите: Современ албански јазик (како немајчин), Албански јазик (под Ц) и Балканска лингвистика, додека од 2012 година е избран доцент по предметите Современ албански јазик, Преведување од албански на македонски јазик и обратно и Споредбена стручна терминологија, вонреден професор по истите предмети (2017 година) и редовен професор по предметите Лексикологија на албанскиот јазик 1, 2 и Граматика на албанскиот јазик 3, 4 и Преведување од албански на македонски јазик и Преведување од македонски на албански јазик (2021 година).
Како надворешен соработник држел настава и на неколку универзитети во Северна Македонија и Косово. Од 2002 година се ангажира на Универзитетот од Југоисточна Европа во Тетово по предметите Албански јазик за специфични цели, Македонски јазик за специфични цели и Вештини за студирање и истражување; Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Универзитетскиот колеџ во Гњилане (Косово).
Учество во проекти:
Други ангажмани:
(студиски престои, преведување, работа во комисии и/или одбори, учество во работилници, менторирање, учество во конференции, итн.):
Член на Наставно-научниот совет на Факултетот, член на одредени комисии, одбори и тела; раководител на Катедрата за албански јазик и книжевност (во два мандата, 2022-2023 год.; 2023-2026 год.); акредитиран ментор за втор и трет циклус студии по наставната програма Албански јазик.
Член на комисии и одбори:
Книги (научни – автор):
Библиографија на научни и стручни статии: