Конкурс 2020/2021

ПРВ ЧЕКОР – Упатство за регистрирање и пополнување на електронската пријава во IKNOW системот.

ВТОР ЧЕКОР – Пријавување и испраќање скенирани/сликани документи на електронска адреса (e-mail) и прикачување на iKnow-системот 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ (скенирани/сликани што се прикачуваат на iKnow-системот и се испраќат по e-mail)

Слободни места

Рокови за пријавување и запишување

Листа за проверка на потребни документи за пријавување

Пријавување на нови студенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во академската 2020/2021 година

Пријавувањето на кандидатите за упис на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во учебната 2020/2021 година во првиот уписен рок ќе се врши по електронски пат на 31.8. и 1.9.2020 г. до 16:00 ч.

Пред пријавувањето кандидатите задолжително треба да се регистрираат и да извршат електронско пријавување преку IKNOWсистемот за идни студенти на УКИМ на www.upisi.ukim.mk.

Бројот на пријавата којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

Покрај пријавувањето во iKnow системот (ПРВ ЧЕКОР) кандидатите се должни да се пријават и електронски со испраќање на електронска порака (ВТОР ЧЕКОР).

ПРВ ЧЕКОР

Упатство за регистрирање и пополнување на електронската пријава во IKNOW системот.

Отворете ја веб-страницата www.upisi.ukim.mk.

Најпрво треба да отворите кориснички профил следeјќи го линкот „Регистрирај се“, дури и ако сте се регистрирале во минатите уписни рокови, бидејќи корисничките имиња се избришани. Откако еднаш ќе отворите кориснички профил, при секое најавување во системот, користете го истото корисничко име и лозинка – не отворајте нов профил. Пријавата можете да ја менувате во целост сè додека не кликнете на копчето ПРАТИ.

IKNOWсистемот (upisi.ukim.mk) овозможува автоматско генерирање на дел од потребните документи: интерен пријавен лист, универзитетски пријавен лист, изјава за национална припадност, изјава за неподигање на документи и преглед на пополнета уплатница, врз база на внесените податоци на кандидатот.

Со користење на IKNOWсистемот (upisi.ukim.mk), кандидатите имаат можност да избегнат евентуални грешки во пополнувањето на податоците, можат да ги менуваат внесените податоци сè додека не кликнат на копчето ПРАТИ, а сите автоматски генерирани документи може да си ги отпечатат дома и само да ги донесат на Факултетот на денот на запишувањето.

ВТОР ЧЕКОР

Пријавување и испраќање скенирани/сликани документи на електронска адреса (e-mail) и прикачување на iKnow-системот

  1. Пријавувањето на кандидатите и испраќањето скенирани документи се врши електронски со испраќање на електронска порака.

Во зависност на која студиска програма конкурирате пријавувањето го правите на соодветната електронска адреса:

СТУДИСКА ПРОГРАМАЕлектронска адреса (e-mail)
македонски јазикmj2020@flf.ukim.edu.mk
македонска книжевност mk2020@flf.ukim.edu.mk
албански јазик и книжевност наставна насокаalb2020@flf.ukim.edu.mk
албански јазик и книжевност преведување и толкување – немајчинalbpitn2020@flf.ukim.edu.mk
албански јазик и книжевност преведување и толкување – мајчинalbpitm2020@flf.ukim.edu.mk
турски јазик и книжевност – мајчинturm2020@flf.ukim.edu.mk
турски јазик и книжевност – немајчинturn2020@flf.ukim.edu.mk
француски јазик –наставна и преведувачка/толкувачка насока (со можност за почетно ниво)fr2020@flf.ukim.edu.mk
двопредметна по француски јазик и книжевност со романски јазик и книжевност-филолошка насокаfr-ro@flf.ukim.edu.mk
романски јазик и книжевност-филолошка насокаro2020@flf.ukim.edu.mk
шпански јазик и книжевност (преведувачка насока)sp2020@flf.ukim.edu.mk
руски јазик (почетно ниво)rus2020@flf.ukim.edu.mk
полски јазик (почетно ниво)pol2020@flf.ukim.edu.mk
двојазични славистички студии – руски и полски јазик (почетно ниво)rus-pol@flf.ukim.edu.mk
германски јазик и книжевностger2020@flf.ukim.edu.mk
англиски јазик и книжевност ang2020@flf.ukim.edu.mk
општа и компаративна книжевностokk2020@flf.ukim.edu.mk

преведување и толкување

– англиски/француски

– англиски/германски

pitang2020@flf.ukim.edu.mk

преведување и толкување

-француски/англиски

-француски/германски

pitfr2020@flf.ukim.edu.mk

преведување и толкување

-германски/англиски

-германски/француски

pitger2020@flf.ukim.edu.mk
италијански јазик и книжевностit2020@flf.ukim.edu.mk

  

  1. Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот на пријавата што автоматски им го генерирал iKnow-системот (upisi.ukim.mk) за електронско пријавување.
  2. Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:

(Документите што треба да се прикачат задолжително треба да бидат скенирани од оригиналниот документ.

Документите може да бидат скенирани или сликани со мобилен телефон и потоа да се прикачат во прилог на пријавата. Препорачуваме пријавата да се пополнува на компјутер или лаптоп.)

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ (скенирани/сликани што се прикачуваат на iKnow-системот и се испраќат по e-mail)

  • Пријава за запишување (образец А1 – се купува од книжарница)
  • Електронска пријава (од iKnow-системот)
  • Оригинални свидетелства од сите класови*
  • Документ за положена државна матура (Оригинално свидетелство за завршено средно образование)*
  • Извод од матична книга на родените
  • Доказ за државјанство на Р. Северна Македонија (уверение или решение)
  • Административна такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ххх-03161; Конто 722313 00)
  • Уплатница за уплатени 300 денари на жиро сметка на Филолошки факултет „Блаже Конески“ за конкурирање на студиските програми без проверка на знаења и умеења (види пример)
  • Интерен пријавен лист и универзитетски пријавен лист (се печати од електронската пријава) – Iknow системот
  • Изјава за национална припадност (се приложува само ако во свидетелствата и во дипломите не е наведена националната припадност) (се печати од електронската пријава)
  • Изјава за неподигање на документите (се печати од електронската пријава)
  • Изјава за согласност за лични податоци (се печати од електронската пријава)
  • Изјава за веродостојност и точност на поднесените скенирани документи (се печати од електронската пријава)
  • Изјава за неконкурирање на друг универзитет (се печати од електронската пријава)
  • Изјава за согласност за кофинансирање на студииите (се печати од електронската пријава)

Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена и дека пријавата е уредно поднесена.

  • Кандидатите кои конкурираат за ВОНРЕДНО СТУДИРАЊЕ освен горенаведените ги поднесуваат и следните документи:

 – нотарски заверен образец М1/М2 или

 – лекарско уверение од Студентската поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

  • Кандидатите кои конкурираат за упис, а остваруваат право согласно Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на РСМ и членовите на нивните семејства ( припадникот на безбедносните сили, 2. децата на загинат или починат припадник и 3. децата на воен инвалид од I до VII група воен инвалидитет) покрај горенаведените документи при пријавувањето поднесуваат и документ од Министерството за одбрана или од Министерството за внатрешни работи.

 Дополнителното доставување документ за овие кандидати не се зема предвид.

  • Соодветна документација за: лица без родители, лица од прв и втор степен на инвалидност, воени инвалиди или лица растени во домови за напуштени деца.

За останатите категории на кандидати се применуваат одредбите од Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2020/2021 година

При евентуални технички проблеми при пријавувањето пишете на: admin@flf.ukim.edu.mk

На Филолошки факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во прва година на прв циклус студии, во учебната 2020/2021 година може да се запишат следниов број студенти:

Филолошки факултет „Блаже Конески“
(бул. „Гоце Делчев“ бр. 9А) (8 семестри)
Редовни (200 евра)Редовни со школарина (400 евра)Вонредни (400 евра)Вкупен број студентиСтуденти - странски државјани (2000 евра)
5404101351085217
Македонски јазик и јужнословенски јазици40301080
- македонски јазик40301080
Македонска книжевност и јужнословенски книжевности40301080
Албански јазик и книжевност55555115
- наставна насока2525555
- преведување и толкување - немајчин1515-30
- преведување и толкување - мајчин1515-30
Турски јазик и книжевност50202090
- турски јазик и книжевност – мајчин25101045
- турски јазик и книжевност – немајчин25101045
Романски јазици и книжевности853525145
- француски јазик- наставна и преведувачка/толкувачка насока (со можност за почетно ниво)30101050
- двопредметна по француски јазик и книжевност со романски јазик и книжевност – филолошка насока155525
- романски јазик и книжевност – филолошка насока2010535
- шпански и книжевност – преведувачка насока2010535
Славистика50202090
- руски јазик (почетно ниво)25101045
-полски јазик (почетно ниво)105520
- двојазични славистички студии- руски и полски јазик (почетно ниво)155525
Германски јазик и книжевност30301575
Англиски јазик и книжевност555510120
Општа и компаративна книжевност30301070
Преведување и толкување8080-160
- англиски јазик/француски јазик
- англиски јазик/германски јазик
3030-60
- француски јазик/англиски јазик
- француски јазик/германски јазик
2525-50
- германски јазик/англиски јазик
- германски јазик/француски јазик
2525-50
Италијански јазик и книжевност25251060
Рокови за пријавување и запишување

Рокови за кандидатите кои се рангираат само според успехот од средното образование

 Прв рокВтор рокТрет рок
Пријавување на кандидатите31.8. и 1.9.202015 и 16.9.202028.9.2020
Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг-листа)3.9.202018.9.2020 
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа)7.9.202021.9.2020 
Запишување на кандидатите10. и 11.9.202025.9.202030.9.2020

Забелешка:
По реализацијата на првиот уписен рок, за непополнетите места на факултетите, односно студиските програми, Универзитетот, на интернет страницата ќе објави број на слободни места за запишување во вториот уписен рок во учебната 2020/2021 година.

По реализацијата на вториот уписен рок, за непополнетите места на факултетите, односно студиските програми, бројот на слободни места за запишување во третиот уписен рок во учебната 2020/2021година, ќе биде објавен на на интернет страниците на единиците.

Документи за запишување

Единиците на своите огласни табли ќе ги објават роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поденесат оригиналните документи за пријавување и за запишување.

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:
1. Индекс, студентска легитимација и пријавни листови
2. Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5х4,5 и една со димензии 2х3)
3. Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ, (да се наведе факултетот – носител на студиската програма), на жиро-сметката 100000000063095 депонент: НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41.
Надоместокот од претходниот став на оваа точка го поднесуваат сите примени кандидати, во сите категории студенти (вклучително и студентите ослободени од плаќање партиципација и кофинансирање, по разни основи). Овој надоместок студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишување на зимскиот семестар.