Конкурс за наградата „Вавилон“ 2021

Конкурс за наградата „Вавилон“ 2021

Почитувани,

Би сакале да ве известиме дека Делегацијата на ЕУ и ЗПРМ го објавија Конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“ 2021. Рокот за доставување на преводи е 4 април 2021 г.

Покрај тоа, на 8 октомври, во 16.00 часот во Europe House ќе се одржи првата информативна работилница за „Вавилон“ на која ќе присуствуваат овогодинешните наградени и ќе зборуваат за своето искуство (линк до настанот https://www.facebook.com/events/354052129280001). Тие што нема да можат да присуствуваат во живо, работилницата ќе можат да ја следат преку линк што ќе биде објавен во самиот настан на Фејсбук.

Сите информации во врска со конкурсот и претходните изданија се достапни и онлајн на посебен вебсајт посветен на Наградата (https://babylon.mk/) а со цел полесно пријавување имаме и електронска пријава (https://babylon.mk/obrazecz-za-prijavuvane/). Меѓу другите информации на вебсајтот се достапни и корисни линкови со цел потенцијалните учесници полесно да најдат книга која ги исполнува условите на конкурсот (https://babylon.mk/korisni-linkovi/).
Доколку сметате дека учениците/студентите имаат потреба од дополнителни информации можно е да се организира гостување (во живо или онлајн) на член од Организацискиот одбор на наградата „Вавилон“ на некој од часовите, кој би ја претставил наградата и би одговарал на нивните прашања.

Кратки информации за наградата:
На 25 септември наградата „Вавилон“ беше доделена по седми пат. До сега се доделни 12 први награди, 7 за преводи на македонски, две први награди за преводи кон турски и 3 први награди за преводи кон албански јазик. Наградата е наменета за млади преведувачи на возраст до 26 години, државјани на Република Северна Македонија, кои преведуваат од официјалните јазици на Европската Унија на јазиците што се зборуваат во државата. Конкурсот се организира во форма на натпревар, при што кандидатите испраќаат преводи на извадоци од прозни книжевни дела по свој избор во должина од 3000 до 5000 збора. Според условите во конкурсот, делата треба првично да се објавени во земја-членка на ЕУ најмногу три години пред рокот за поднесување на пријавите и да не се преведени на целните јазици опфатени во конкурсот.

ЗПРМ стои на располагање доколку имате дополнителни прашања.

Со почит,
ЗПРМ