Сашка Грујовска-Миланова е родена на 6 октомври 1993 во Скопје. Во 2016 г. дипломира на Катедрата за германски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Како стипендистка на Германската служба за академска размена (ДААД), во 2018 г. ги завршува двегодишните постдипломски студии во Институтот за емпириска лингвистика при Универзитетот „Гете“ во Франкфурт, Германија и се стекнува со научен степен магистер по емпириска лигвистика – општа компаративна лингвистика. Истата година ги завршува и едногодишните постдипломски студии во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнува со научниот степен магистер по македонистика со комуникологија. Од студиската 2019/2020 година Сашка Грујовска-Миланова е запишана на докторските студии од областа Наука за јазик на Филолошкиот факултет при Универзитетот во Белград, Србија.
Во рамките на студиите извршува практикантска работа во неколку училишта за странски јазици. Од септември 2017 година е ангажирана како надворешен соработник, а од декември 2018 година е вработена како лектор по германски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Изведува лекторска настава на Катедрата за германски јазик и книжевност и на Катедрата за преведување и толкување.
Во периодот од 2015 до 2018 г., Сашка Грујовска-Миланова членува во Организацискиот одбор на студентската конфереција „Како си ми?“ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на која во 2015 и 2016 г. настапува со реферати. Во 2016 и 2018 г. учествува на меѓународната конференција ФИЛКО на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, во 2018 и 2019 г. е дел од меѓународната конференција во организација на Здружението на германисти од Југоисточна Европа (Südosteuropäischer Germanistenverband), а во 2019 и 2020 г. настапува на меѓународниот научен собир „Денови на Благоја Корубин“ и на меѓународната конференција во рамките на Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
Сашка Грујовска-Миланова е вклучена во научни проекти, членува во факултетски и во други комисии, како и во промотивни активности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
Добитничка е на наградата „13 Ноември“ од градот Скопје во 2010 година
Научни и на стручни статии:
(http://imj.ukim.edu.mk/CMS/Upload/1.%20Македонскиот%20јазик%20извор%20на%20научни%20истражувања%20(дома%20и%20надвор)%202020.pdf) [Пристапено на: 5.1.2024]
(http://imj.ukim.edu.mk/CMS/Upload/2.%20ПРЕТХОДНИЦИТЕ%20КАКО%20СОВРЕМЕНИЦИ%20МАКЕДОНСКИОТ%20ЈАЗИК%20ВО%20СПОРЕДБЕНИТЕ%20ЛИНГВИСТИЧКИ%20ИСТРАЖУВАЊА.pdf) [Пристапено на: 5.1.2024]
(https://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/4116) [Пристапено на: 5.1.2024]
(http://imj.ukim.edu.mk/CMS/Upload/Other/Македонскиот%20јазик%20–%20извор%20 на%20филолошки%20и%20на%20културолошки%20истражувања%202019.pdf) [Пристапено на: 5.1.2024]