Меѓународен научен собир
Втори романистичко-балканистички средби

 
(во чест на 100-годишнината од раѓањето на Божидар Настев) 
 
12-13 декември 2024 година
 

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје

Катедра за романски јазици и книжевности и Катедра за македонски јазик

 

МЕЃУНАРОДЕН НАУЧЕН СОБИР

„ВТОРИ РОМАНИСТИЧКО-БАЛКАНИСТИЧКИ СРЕДБИ

(ВО ЧЕСТ НА 100-ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА БОЖИДАР НАСТЕВ)“

 

12-13 ДЕКЕМВРИ 2024 ГОДИНА

 

 

Во 1995 година, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, се
одржаа Првите романистичко-балканистички средби во чест на Божидар Настев (1924-
1980), професор по француска книжевност, декан и продекан на Филолошкиот
факултет и долгогодишен раководител на Катедрата за романски јазици и
книжевности. Вршејќи ги тие одговорни функции, професорот Настев даде суштински
придонес во унапредувањето на Факултетот, а особено во растот и развојот на
Катедрата за романски јазици и книжевности, поттикнувајќи го воведувањето на
италијанскиот, романскиот и шпанскиот јазик. Божидар Настев беше и брилијантен
преведувач на капитални дела од француската книжевност на македонски јазик, но и
теоретичар на преводот.
И покрај посветеноста на книжевноста (пред сè француската и македонската)
како главна професионална ориентација, Божидар Настев истражува и лингвистички
теми со романистички и со балканистички карактер поврзани со францускиот и со
македонскиот, но и со италијанскиот и со ароманскиот, кој го проучува во контекст на
неговите контакти со македонскиот јазик и кој зазема посебно место во неговиот
научен опус.
Оваа, 2024 година, се навршуваат 100 години од неговото раѓање. Овој значаен
јубилеј е повод неговите колеги од универзитети и научни институции од земјава и од
странство да се сретнат во рамките на Вторите романистичко-балканистички средби за
да дискутираат на теми поврзани со научната преокупација на професорот Настев.

РОМАНИСТИЧКО-БАЛКАНИСТИЧКИ ТЕМИ

(можни насоки)

 

Романистиката и балканистиката, сфатени во поширока смисла на зборот, можат
да се разгледуваат низ призмата на следниве области: јазик, книжевност,
културолошки студии, дидактика, преведување, толкување, балканистиката низ
призмата на романистиката и на славистиката (македонистиката). Темите што ги
отвора секоја од тие области можат да се обработуваат од синхрониска или од
дијахрониска гледна точка.

 

Јазик

Темите од областа на науката за јазикот можат да бидат поврзани со сите
лингвистички дисциплини, а особено со: фонетиката и фонологијата, морфологијата,
синтаксата, семантиката и прагматиката, лексикологијата и лексикографијата,
стилистиката, фразеологијата и паремиологијата. Јазичните појави што се предмет на
интерес може да се разгледуваат не само од аспект на стандардниот јазик туку и на
дијалектно ниво, од еднојазична или од повеќејазична компаративна или контрастивна
перспектива, како и во контекст на сè поинтензивната примена на новите технологии.

 

Книжевност

Проучувањето на книжевностите на романските и на балканските народи може
да опфаќа недоволно истражени теми од областа на историјата на книжевноста, а и
теми што се предизвик за современите филолошки теории и се актуелни во
современите проучувања на книжевностите на романските и на балканските јазици
(херменевтика, теорија на интертекстуалноста, книжевна критика, теории на
рецепцијата).

 

Културолошки студии

Посебностите на културите на романските и на балканските народи, како и
сличностите и разликите меѓу нив, се постојан предизвик на романистиката и на
балканистиката во поширока смисла, па оттаму, би било интересно да се разгледаат
низ современите пристапи во културолошките студии во однос на одделни
општествени пројави (навики, обичаи, институции и други општествени
манифестации).

 

Дидактика

Темите од областа на дидактиката може да бидат поврзани со изучувањето и со
предавањето на романските и на балканските јазици како странски, од аспект на
теоријата и на практиката: иновативни пристапи, примери на добри практики,
стратегии на учење и на предавање на романските и на балканските јазици, развивање
на јазичните и на комуникациските компетенции на изучувачите, употреба на
информатички технологии и на дигитални алатки во наставата по романските и по
балканските јазици и сл. Оваа област може да се разгледува од еднојазична или од
повеќејазична перспектива.

 

Преведување

Темите од областа на преведувањето можат да се разгледуваат од теориска или
од практична гледна точка, од аспект на евалуацијата во наставата по преведување, на
преведувачката критика, на интеркултурната димензија на преведувањето, на односот
меѓу преведувањето и терминологијата, како и на еволуцијата на преведувањето во
дигиталната ера.

 

Толкување

Толкувањето (консекутивно и симултано) може да се обработува низ призмата
на следниве теми: теоретски и методолошки пристап на толкувањето и на наставата по
толкување; дискурсот во контекст на толкувањето (формален, спонтан говор,
толкување за медиумите); толкувањето во контекст на глобализацијата: предизвиците
на мултилингвизмот и на мултикултурализмот; толкувањето и новите технологии.

 

Балканистиката низ призмата на романистиката и на славистиката (македонистиката)

Темите од областа на балканистиката се неисцрпни, особено низ преплетот на
романистиката и славистиката, во чиј центар на проучување е и македонскиот јазичен
ареал. Овој собир е отворен за широкиот дијапазон прашања што ја допираат оваа
област од аспект на различни лингвистички теории: јазични сојузи, меѓујазични
контакти и интерференции на различно јазично рамниште (фонетско, морфолошко,
синтаксичко, семантичко, лексичко, фразеолошко), јазични интерференции на
стандардно и на дијалектно ниво, билингвизам, јазични и културни конвергенции и дивергенции.

Научен одбор

 

д-р Гордана Алексова, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
д-р Мирјана Алексоска-Чкатроска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
д-р Петар Атанасов, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
д-р Октај Ахмед, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
д-р Ирина Бабамова, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
д-р Сања Бошковиќ-Данојлиќ, Универзитет во Поатје
д-р Маргарита Велевска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
д-р Нермин Вучељ, Универзитет во Ниш
д-р Волфганг Дамен, Универзитет „Фридрих Шилер“ во Јена
д-р Даниела Динка, Универзитет во Крајова
д-р Георги Жечев, Универзитет „Св. Климент Охридски“ во Софија
д-р Стоика Ласку, Универзитет „Овидиус“ во Констанца
д-р Максим Макарцев, Институт за славистика, Универзитет „Карл фон Осиецки“ во Олденбург
акад. Марјан Марковиќ, Македонска академија на науките и уметностите
д-р Марко Маџоре, Универзитет во Пиза
д-р Сања Михајловиќ-Костадиновска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
д-р Мануела Невач, Институт за лингвистика „Јоргу Јордан – Ал. Росети“ во Букурешт
д-р Звонко Никодиновски, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
д-р Богданка Павелин Лешиќ, Универзитет во Загреб
д-р Димитар Пандев, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
д-р Искра Пановска-Димкова, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
д-р Марија Паунова, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
д-р Анѓелка Пејовиќ, Универзитет во Белград

д-р Фроса Пејоска-Бушро, Национален институт за ориентални јазици и цивилизации
(ИНАЛКО) во Париз
д-р Снежана Петрова, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
д-р Агим Пољоска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
д-р Елисавета Поповска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
д-р Елена Прву, Универзитет во Крајова
д-р Фернандо Санчез-Мирет, Универзитет во Саламанка
д-р Николае Сараманду, Институт за лингвистика „Јоргу Јордан – Ал. Росети“ во Букурешт
д-р Александра Саржоска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
д-р Мирјана Секулиќ, Универзитет во Крагуевац
д-р Мира Трајкова, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
д-р Јелена Филиповиќ, Универзитет во Белград
д-р Јоана Хаџи-Лега Христоска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
д-р Емил Цркомнику, Институт за етнографија и фолклор „Константин Браилоју“ во Букурешт
д-р Мојца Шламбергер Брезар, Универзитет во Љубљана

 

Организациски одбор

 

д-р Јоана Хаџи-Лега Христоска (претседател)
д-р Маргарита Велевска
д-р Димитар Пандев
д-р Искра Пановска-Димкова
д-р Мира Трајкова
д-р Александра Саржоска
д-р Мирјана Алексоска-Чкатроска
д-р Снежана Петрова
д-р Ирина Бабамова
д-р Елисавета Поповска
д-р Сања Михајловиќ-Костадиновска
д-р Марија Паунова
д-р Гордана Алексова
д-р Бојан Петревски
Севда Лазаревска
м-р Анита Кузманоска
д-р Михаил Раду Атанасов
д-р Милена Касапоска-Чадловска
м-р Милена Недевска (секретар)
м-р Игор Поповски

Начин на реализирање на Научниот собир: со физичко присуство или онлајн
Работни јазици: македонски, француски, шпански, романски и италијански јазик

 

Пријавата за учество и апстрактот (од 250 до 300 збора и 5 клучни збора) треба
да се испратат на следнава електронска адреса: sobirbozidarnastev@flf.ukim.edu.mk

Излагањата треба да бидат во времетраење од 15 минути, со дискусија на крајот на сесијата.

 

Важни датуми:

 

  • Краен рок за испраќање на пријавите: 1 септември 2024
  • Известување за прифаќање на пријавената тема: 16 септември 2024
  • Плаќање на котизацијата: 15 октомври 2024
  • Одржување на Научниот собир: 12 и 13 декември 2024
  • Краен рок за предавање на рефератот: 15 април 2025

Котизација:

 

  • Учество со физичко присуство: 60 евра или 3.700 денари
  • Онлајн учество: 45 евра или 2.800 денари

Деталите во врска со уплатата ќе бидат дополнително испратени.

Позитивно рецензираните реферати ќе бидат објавени во зборник на трудови од Меѓународниот научен собир.

Пријава:

Преземете ја пријавата за учество тука.

Română

Simpozion ROM

Formular de înscriere 

Français
 
Italiano
 
Español