Почитувани студенти,

 

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на својата 293.
седница одржана на 20.9.2024 година, донесе Одлука за плаќање половина од износот на
уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден
родител и ги утврди критериумите за остварување на ова право за учебната 2024/2025
година
Заинтересираните студенти можат своето право да го реализираат преку следниов
Интерен оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои
се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус
студии за учебната 2024/2025 година.
Заинтересираните студенти за учество на Интерниот оглас до Претседателот на
Комисијата за спроведување на постапката за селекција на кандидатите за остварување на
правото за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната
2024/2025 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје доставуваат:
-Пријава за учество на Интерниот оглас;
-Придружна документација согласно Огласот соодветна за категоријата;
-Изјава за бројот на членовите во семејството.

Заинтересираните студенти Пријавата и целокупната документација ја поднесуваат во
Архивата на Факултетот најдоцна до 14.10.2024 година до 15:30 часот.
Некомплетните и ненаврмени пријави нема да бидат разгледувани.