Свечено доделување дипломи на 22 мај 2024 г. (среда) во 10:00 ч

Ве известуваме дека на 22 мај 2024 година (среда) во 10:00 часот во Аулата на Факултетот ќе се одржи свечено доделување на дипломите на магистрандите кои се стекнале со академски степен магистер и на студентите кои дипломирале на прв циклус (додипломски) студии на Факултетот...

Покана за поетско-преведувачка вечер со проф. д-р Зоран Анчевски

Ни претставува чест и задоволство да ве поканиме на поетско-преведувачката вечер со проф. д-р Зоран Анчевски, која ќе се одржи на 9 мај (четврток) 2024, со почеток во 18:00, во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”. Разговорот посветен на неговиот поетски и преведувачки опит ќе го водат проф. д-р Калина Малеска и проф. д-р Милан Дамјаноски.

Работилница за хаику – поезија

На 28 март 2024 г., се одржа работилница за креативно пишување анимирана од м-р Анита Кузманоска на која ученици од СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ и студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески‘‘...